Петок, 13 ноември 2026 петок, 13 ноември Струга 21°C Струга 21°C Пријави вест
Струга

Бебињата родени во 2024 година добија по 15 000 денари од градоначалникот Мерко

Објавено: · 1 мин читање
Бебињата родени во 2024 година добија по 15 000 денари од градоначалникот Мерко

Децата родени во Струга во новата 2024 година , денеска добија ваучери во вредност од 15 000 денари, подарок од градоначалникот на Струга, Рамис Мерко.

Градоначалникот во присуство на директорот на болницата, Арменд Арслани, ги посети родилките и им посака  брзо закрепнување за да се грижат за своите деца, додека за новороденчињата посака многу здравје и долг живот со нивните родители.

Мерко им честиташе на вработените во струшка гинекологија за професионалноста и посветената работа.