Словенија одлучи да постави полициски контролни пунктови на својата територија во непосредна близина на граничните премини, вклучително и на границата со Хрватска. Шенгенскиот режим останува на сила и ќе може да се поминува преку поранешните гранични премини без никаква контрола, но на територијата на Словенија ќе има полициски контролни пунктови каде полицијата ќе застанува и […]
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги покажа своите спортски вештини. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како 69-годишниот турски претседател игра кошарка со пратениците. Ердоган тоа го прави во спортска сала.Натпреварот се случил пред два месеци во салата што се наоѓа во претседателскиот комплекс во Анкара. Оваа година Ердоган доби мандат од […]
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри источно од Ерсека. Земјотресот се случил на длабочина од седум километри.
Најавеното невреме ја зафати Хрватска. Пореч и Умаг пред неколку часа како што јавуваат хрватските медиуми ги погоди силен дожд и грмеж. Бура со многу молњи има и на западниот дел на Истра. #noodweer #kroatië #rovinj #croatia pic.twitter.com/R25aOxRcx4 —
На некои места поради последиците од невремето затворени се локални и магистрални патишта, а илјадници домаќинства се без електрична енергија Невреме со силен ветер, дожд и град денеска ја зафатија Словенија. Силниот ветер урна дрвја, а од невремето оштетени и поплавени се се повеќе објекти. На некои места поради последиците од невремето затворени се локални […]
На денешната седница на Собранието на Косово дошло до физичка пресметка меѓу претставници на владејачката Самоопределување и претставници на опозициските партии. Како што јавија приштинските медиуми, инцидентот се случил за време на говорот на премиерот Албин Курти. Не се знае точно што се случило, но во еден момент Курти бил полеан со вода и почнале […]
Силна светлина и силен татнеж забележани вечерва во северозападна Бугарија. Порталот Новини.бг објави дека најверојатно паднал метеорит, во 21.49 часот. Жители на местата Видин, Монтана, Берковица и Белоградчик пријавиле дека виделе светлина и силна бучава. Други очевидци коментирале дека и во Софија се осветлило небото. „Околу 22 часот се слушна татнеж на територијата на Видинско. […]
Во Меморијалниот центар Поточари се изложени ковчезите на 30 жртви од геноцидот во Сребреница, кои ќе бидат погребани во вторник на 11 јули. Утрото нивните семејства им оддаваат последна почит. Станува збор за нецелосни тела кои беа пронајдени во неколку гробници кои припадниците на Војската на Република Српска повеќепати ги ископуваа и ги преместуваа телата […]
Татко и два сина се удавија денеска во Јадранско Море кај албанскиот град Кавај. Албанските медиуми јавуваат дека Елвис Халилај (50) од Тирана и неговите два сина на возраст од 13 и 15 години се удавиле. – Поради силните струи во попладневните часови, брановите го одвлекоа едното дете додека таткото и другиот син се обидуваа […]
Серија послаби земјотреси ја погодија Грција во текот на ноќта и наутро. Околу три часот наутро по локално време се стресе островот Крит, со јачина од три степени според Рихтеровата скала. Следуваше серија послаби земјотреси кои зафатија многу делови на Грција. Утрото во 6 часот и 13 минути се случи земјотрес со јачина од два […]