Понеделник, 16 ноември 2026 понеделник, 16 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Балкан

Земјотреси утрово регистрирани во Бугарија и во Грција

Објавено: · 1 мин читање
Земјотреси утрово регистрирани во Бугарија и во Грција

Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 15 септември, во 08:01 часот во Бугарија.

Епицентарот на земјотресот бил на 57 километри од Бургас.

Земјотресот бил на длабочина од 16,8 километри. Нема информации за материјални штети.

Земјотрес утрово е регистриран и во Грција. Земјотресот бил со интенрзитет од 4 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 17 километри. Епицентарот бил во близина на островот Санторини, и бил почувствуван и на овој остров, како и на групата на острови кои се наоѓаат во близина.