Четврток, 26 ноември 2026 четврток, 26 ноември Струга 9°C Струга 9°C Пријави вест
Балкан

Словенија под снежна покривка: Врнежите се засилуваат, снег и во пониските предели

Објавено: · 1 мин читање
Словенија под снежна покривка: Врнежите се засилуваат, снег и во пониските предели

Според словенечките метеоролози, најмногу снег се очекува во северните и северозападните делови на земјата, каде што снежната покривка може да достигне од 5 до 10 сантиметри.

Поради релативно топлата почва, снегот ќе биде влажен.


На надморска височина од 500 до 1.000 метри постои опасност од појава на голомразица.


Во текот на претпладневните часови се очекува слабеење на врнежите, додека попладне се можни локални снежни врнежи. Во приморските делови на Словенија ќе дува силен ветер, со налети до речиси 100 километри на час.


Поради зимските услови, на одредени патни правци се воведени ограничувања за товарните возила.


Надлежните служби апелираат до возачите да користат задолжителна зимска опрема, да ја приспособат брзината на условите на патиштата и да избегнуваат непотребни патувања. Словенечката полиција најави и засилени контроли на зимската опрема во наредните денови.
Извор: 24ur.com⁠