Според првичните информации, во техничко училиште во Крагуевац, Србија, утринава дошло до пукање. Повредени се две жени кои работат во службата за хигиена.
Порталот Nova.rs пренесува дека млад човек пукал кон нив од пушка.
Училишната зграда и околниот простор се блокирани. На лице место се распоредени полициски сили и припадници на Жандармеријата.
Министерството за внатрешни работи сè уште нема издадено официјално соопштение за инцидентот.




