Четврток, 19 ноември 2026 четврток, 19 ноември Струга 18°C Струга 18°C Пријави вест
Балкан

Александар Чупиќ избран за нов претседател на српското Собрание

Објавено: · 1 мин читање
Фото: TV21 — Регион
Фото: TV21 — Регион

Александар Чупиќ од Студентската листа е избран за нов претседател на Народното собрание на Србија. Тој ја доби поддршката од мнозинството пратеници на денешното гласање, по тридневна расправа во парламентот, објави „Данас“.

На гласањето учествуваа вкупно 239 пратеници. За изборот на Чупиќ гласаа 140 пратеници, додека 97 ја поддржаа кандидатурата на неговиот противкандидат Стојан Раденовиќ од Српската напредна партија (СНС).

Резултатите од јавното поединечно гласање ги соопшти најстарата пратеничка Нада Мацура, која претседаваше со седницата. Објавувањето на резултатите беше проследено со силен аплауз.

По изборот, Чупиќ го зазеде местото на претседателот на Собранието и го презеде раководењето со парламентот.

„Ми е доверена огромна чест, но и обврска и одговорност. Како прв меѓу еднаквите, заедно со потпретседателите што ќе ги избереме, ќе претседавам со овој законодавен дом“, изјави Чупиќ.

Новиот претседател порача дека е неопходно да се врати достоинството на парламентот и почитта кон секој пратеник.

„Мораме да внимаваме на секој збор што го изговараме. Толеранцијата и дијалогот мора да станат начин на однесување за секој од нас“, порача Чупиќ.

Извор: TV21 — Регион