Четврток, 26 ноември 2026 четврток, 26 ноември Струга 13°C Струга 13°C Пријави вест
Балкан

Вучиќ се закани со штрајк со глад: Нема да примам ниту терапија, кога ќе почнам, нема враќање назад

Објавено: · 1 мин читање
Фото: TV21 — Регион
Фото: TV21 — Регион

Шефот на пратеничката група „Србија победува“ и поранешен претседател на Србија, Александар Вучиќ, ја најави можноста да започне штрајк со глад како форма на борба против новата влада, истакнувајќи дека, доколку донесе таква одлука, ќе биде целосно решителен.

„Нема да примам терапија, нема да земам ништо. Прашањето е само кога ќе започнам со штрајк со глад. Кога ќе почнам, нема враќање назад. Ќе им забранам на лекарите да ми пружат каква било помош. Ќе бидам целосно решителен, но тоа ќе биде мојата борба против нив“, изјави Вучиќ за телевизијата „Информер“, која утрово ја објави изјавата на својата интернет-страница.

Вучиќ рече дека не постои начин да биде замолчен или политички поразен.

Тој истакна дека е особено загрижен за она што му се случило на сопственикот и главен уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, тврдејќи дека не постои никаква причина за негово апсење.

„Знам дека немаат основа да ме уапсат. Никогаш не сум земал пари, ниту дневници, ништо“, изјави Вучиќ.

Во телевизиско гостување проследено со обвинувања и навреди, Вучиќ тврдеше дека политичките противници ќе се обидат да го убијат или уапсат. Тој откри и дека ги предупредил членовите на своето семејство да се подготват за најлошото.

Вучиќ ги повтори и обвинувањата кон Хрватска за вмешаност во организирањето „обоена револуција“ и за управување со Србија, а зборуваше и за воени репарации од Хрватска.