Во Загреб се урна големо скеле на улицата Петрињска. Како што може да се види од снимките, се работи за големо скеле кое паднало на улица и врз автомобили. Тоа е зграда на полицијата. Како што пренесуваат хрватските медиуми, полицијата кажала дека добила пријава, но засега не ги знаат сите детали. Како што неофицијално објави […]
Камионот излетал од патот во близина на Винковци и влетал во куќа, го пробил ѕидот и завршил во детската соба, каде во тоа време се наоѓало 14-годишно девојче. Две лица се повредени утрово во сообраќајна несреќа во Мирковци кај Винковци откако камион излетал од патот и влетал во куќа, информираат од Вуковарско-сремската полиција, пренесува Индекс. […]
Маскирани полицајци на словенечката специјална полиција за време на настава упаднаа во основно училиште во Логач, место меѓу Љубљана и Постојна Јама, и уапсија наставничка. Апсењето е извршено во рамките на голема криминална акција против забранети супстанции, односно дрога, јави Радио-телевизија Словенија. Полицијата соопшти дека апсењето го извршила претпазливо и дека наставничката не била уапсена […]
Црна Гора ја потресе страшна семејна трагедија. Синоќа околу еден час по полноќ, М.Д.(51) од Подгорица со огнено оружје ги убил сопругата В.Д.(49) и неговиот 12-годишен малолетен син, а потоа се самоубил . Како што пишуваат црногорските медиуми, М.Д е пензиониран вработен во Полициската управа . – Истрагата на лице место ја спроведе државен обвинител во Вишото државно обвинителство […]
Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди Крушевац во Србија. Според веб-страницата на сеизмолошкиот завод, тоа се случило околу 21 часот и 40 минути. Потресот бил на длабочина од 4 километри. Нема податоци за евентуална материјална штета.
Во Белград гори голем трговски центар. Станува збор за таканаречениот кинески трговски центар. Во тек е евакуација на сите луѓе бидејќи се стравува од експлозии на плински боци. Пожарот избувнал нешто пред седум часот. Огнот голта сѐ пред себе, пишува Телеграф. Со пожарот се борат три хеликоптери и многу пожарникари. Според Телеграф, има над 50 […]
Словенечкото Министерство за труд предложи измени во Законот за вработување, самовработување и работа на странци, со кои ќе се усогласи со правото на Европската Унија и ќе се овозможи сезонската работа на странците да се прошири и на туризмот и угостителството. Поради недостиг на работна сила, со предложените измени кои ќе бидат на јавна расправа […]
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во Црна Гора. Од РТЦГ известуваат дека се огласиле и од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора. „На 23.01.2024 година во 23.47 часот, Одделот за сеизмологијата на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше помал земјотрес со […]
Албанската полиција спроведе мега-операција низ целата земја која доведе до стотици апсења. Според информациите, само во главниот град досега се уапсени близу 100 лица, а во целата земја вкупно повеќе од 150. Апсењата се извршени во неделата и понеделникот и се осомничени за дистрибуција на дрога, главно во областите околу училиштата. Мега-операцијата „Темпули“ се одвиваше истовремено […]
Во Хрватска на сила е црвен метео аларм поради ураганските ветрови за регионот на Риека, Кварнер и Велебитскиот канал, а многу патишта се целосно затворени или за одредени категории возила. Можни се налети на ветар и до 200 километри на час. Во останатиот дел од земјата важат жолти и портокалови предупредувања, исто така поради бурните […]