Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА. Препораката за повторната забрана за пристап до плажата доаѓа откако на 8 март годинава при посетата на местото, научниот тим од […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во Охрид не се очекува судбоносен ден, дека од Брисел се уште не пристигнал нацрт за тоа што сака ЕУ, дека Србија ќе продолжи да работи со Европската унија и нема да се откаже од „црвените линии“. Вучиќ во обраќање рече дека одредени медиуми објавиле наводен „таен план“ […]
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е договор за нормализација на односите, а не за меѓусебно признавање, јави доиписникот на МИА од Белград. На прес-конференција во американската амбасада, по дводневната посета на Белград, за време на која разговараше со […]
Шефот на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, денеска во Високиот совет на обвинители презентирајќи го извештајот за 2022 година изјави дека е забележан раст на случаите на перење пари. -Случаите на перење пари се зголемуваат, а во текот на извештајната година се регистрирани и 12 нови случаи односно обвинувања добиени […]
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека прифаќањето на европскиот предлог преставува позитивна порака. Како што рече, сега е потребно да се фокусираме на имплементацијата на анексот, што ќе биде главна тема на претстојната средба во Охрид, јави дописникот на МИА од Белград. За да се имплементира договорот, […]
По налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, синоќа приведен е градоначалникот на албанскиот град Булќиза, Лефтер Ала. Градоначалникот Ала е уапсен од страна на државната полиција, затоа што се товари за две обвиненија – корупција и за злоупотреба на јавни тендери, наведува „Коха јон“ Според „Топ Чанел“, приведени се и неколку други […]
Двата најголеми грчки синдикати на вработените во државниот (АДЕДИ) и на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), како и синдикатот на Комунистичката партија (ПАМЕ), утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира Грција. Причината, како и на протестите во изминатите две седмици, така и на минатонеделниот штрајк, така и денеска е железничката несреќа со 57 […]
По средбите во Белград со специјалниот преставник за дијалог на Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и со заменик-помошникот државен секретар и специјален пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, српскиот претседател Александар Вучиќ за денеска најави обраќање до јавноста. Лајчак по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ напиша на Твитер профил […]
По средбите во Белград со специјалниот преставник за дијалог на Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и со заменик-помошникот државен секретар и специјален пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, српскиот претседател Александар Вучиќ најави за утре обараќање до јавноста, а вечерва во интервју за Еуроњуз ги најави смерниците на Србија за средбата […]
Неколкумина загинаа, а оштетени се голем број куќи и објекти во големите поплави што го зафатија југот на Турција, еден месец по разорните земјотреси. Обилниот дожд што веќе два дена трае во турскиот град Шанлиурфа, разурнат од земјотресот, во среда, на 15 март, го отежна секојдневниот живот на локалното население. Повеќе од 13,5 милиони луѓе […]