Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека на продолжението на разговорите со косовскиот премиер Албин Курти во Охрид „нема да потпише ништо“, туку дека „ќе разговара за нормализација на односите“. На митингот во Сремска Митровица, Вучиќ рече дека Белград мора да разговара со властите во Приштина, „особено затоа што многу од нив сакаат да го […]
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, распиша вонредни парламентарни избори на 11 јуни. Тој на прес-конференцијата посочи дека сите во Црна Гора се свесни за длабоката политичка и институционална криза, која е предизвикана пред се од неодговорноста и правниот авантуризам на актуелното парламентарно мнозинство, подготвено преку неуставно дејствување да ги оствари своите политички цели. „Како […]
Од 1 април, минималната плата во Грција ќе се зголеми за 9,4 отсто и ќе изнесува 780 евра. Ова денеска го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објаснувајќи дека ова е трето зголемување. Мицотакис, за време на денешниот состанок со надлежните министри истакна дека од 2019 година, кога изнесуваше 650 евра, минималната плата од следниот месец […]
Косовскиот премиер во оставка Албин Курти ја оцени како неприфатлива одлуката на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото на претседателот на државата да го додели премиерскиот мандат на друга партија освен на онаа која победила на парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина. Во коментар на својата страница на Фејсбук, […]
Грчката национална служба за разузнавање (ЕИП) открила случај на шпионажа, односно, како што соопштија, извесна Мариа Т., фотограф и сопственичка на мала продавница за ракотворби во Атина, во изминатите години тврдела дека е Гркинка, а всушност станува збор за странска државјанка Ирина А.С., која под „длабока покриеност“ и со лажен идентитет оперирала во Грција. За […]
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска ќе ги закаже вонредните парламентарни избори, откако вчера го потпиша Указот за распуштање на 27-то свикување на Собранието врз основа на член 92 точка 3 од Уставот на Црна Гора, јави Мина. Уредбата влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во Службен весник на Црна Гора. […]
Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА. Препораката за повторната забрана за пристап до плажата доаѓа откако на 8 март годинава при посетата на местото, научниот тим од […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во Охрид не се очекува судбоносен ден, дека од Брисел се уште не пристигнал нацрт за тоа што сака ЕУ, дека Србија ќе продолжи да работи со Европската унија и нема да се откаже од „црвените линии“. Вучиќ во обраќање рече дека одредени медиуми објавиле наводен „таен план“ […]
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е договор за нормализација на односите, а не за меѓусебно признавање, јави доиписникот на МИА од Белград. На прес-конференција во американската амбасада, по дводневната посета на Белград, за време на која разговараше со […]
Шефот на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, денеска во Високиот совет на обвинители презентирајќи го извештајот за 2022 година изјави дека е забележан раст на случаите на перење пари. -Случаите на перење пари се зголемуваат, а во текот на извештајната година се регистрирани и 12 нови случаи односно обвинувања добиени […]