Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак денеска ја започнува посетата на Белград, како дел од подготовките за претстојната средба на лидерите на Србија и Косово во Охрид. Лајчак денеска во 14:30 часот ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ, по минатонеделниот дводневен престој во Приштина, каде разговараше со премиерот […]
Дел од грчките синдикати и денеска одржаа протести во центарот на Атина поради железничката несреќа кај Темпи со 57 загинати лица. Демонстрантите уште еднаш го изразија нивниот протест за трагедијата пред 12 дена, порачаа дека „криминалот не треба да се заборави“, дека одговорните треба да бидат казнети, но и да се преземат мерки за побезбедни […]
Во организација на здружението на дебарската заедница во Тирана, а со присуство и на претставници од општина Дебар, вчера одбележана е 110-годишнината од егзодусот на дебрани кои засолниште нашле во Тирана, информираа од Општина Дебар, преку објава на Фејсбук. -На свечен начин и откривање на спомен обележје, вчера во Тирана одбележан е споменот за иселениците […]
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има „ниту фактичко, ниту де јуре“ признавање на независноста на Косово. На средбата во Врање, каде што ја започна својата турнеја низ Србија како дел од формирањето на Народното движење за државата, Вучиќ рече дека знае оти претседателската заклетва ја дал за Уставот. „Јас нема да […]
Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во петокот вечерта бил нападнат и претепан од група маскирани лица пред ресторан во анархистичкиот кварт во Атина, по што бил пренесен во болница, каде било утврдено дека му бил скршен носот, објавија во саботата грчките медиуми. Шеесет и едногодишниот претставник на левичарската опозиција најпрвин бил навредуван од […]
По наредба на Вишото јавно обвинителство Ниш, во траење до 48 часа му е одреден притвор на Б.М. од Ниш, поради сомнение дека сторил кривично дело силување. Во рок од 48 часа осомничениот ќе биде сослушан во тоа обвинителство за сите околности на настанот, објавено е на веб-страницата на обвинителството. Според медиумите, Б.М. ја силувал […]
По успешното завршување на фазата на имплементација, пловечката фотоволтаична централа во Елбасан започна со работа. Првата пловечка централа во Албанија произведува струја од обновлива енергија кој се внесува во албанската енергетска мрежа. Централата се наоѓа во акумулацијата Бања, каде што норвешката компанија Статкрафт управува со хидроцентралата Бања, која има инсталирана моќност од 72 MW. Инвестицијата […]
Албанскиот туристички сектор, што впрочем е појава присутна и во другите сектори, се соочува со недостиг на работна сила и покрај зголемените плати, поради што е принуден да ангажира странски работници, потврдува за весникот „Тема“ Васил Бединај од здружението на хотелските работници. – Се надевам дека информациите што секојдневно ги даваме на социјалните мрежи или […]
Разликата меѓу грчките партии Нова демократија и СИРИЗА е намалена на 4,6 отсто од 7,4 проценти на претходната анкета, според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Marc“ за грчката телевизија „Антена“, прво истражување во Грција по железничката несреќа со 57 загинати. Владејачката партија добива 29,6 отсто, опозициската СИРИЗА 25 проценти, а на […]
Србија нема да се согласи со влез на Косово во ОН или на кој било начин да го признае, а тоа јасно им го кажав на сите западни претставници, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ. Во опширното интервју за провладината ТВ Хепи, тој рече дека „не му паѓа на памет“ да потпише капитулација на Србија […]