Клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга во соработка со Camping SCOUT, Diving.mk и нуркачки клуб „Сирена“ в сабота ќе ја реализираат втората еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро кај Струга. Целта, според најавата, е зачувување на природната убавина и богатство на Охридското Езеро и подигање на свеста за значењето на заштитата […]
Десет лица добија сертификат за негувател по успешно завршената тримесечна обука на Општинската организација на Црвен крст Струга. Секретарот на Струшкиот Црвен крст, Адуриме Даути, за МИА информира дека во моментот 53 лица во Струга и струшко добиваат помош и нега во домот од 20 лиценцирани негуватели, но оти интересот бил голем и новите 10 […]
Традиционална крводарителска акција во Општина вевчани на 02.09.2024 год На оваа акција се повикуваат сите граѓани кои сакаат да даруваат крв за да спасат нечиј живот. Ве очекуваме! ЈЗУ Здравствен дом Вевчани! Aksion tradicjonal per dhurim gjaku ne 02.09.2024 në Komunen e Vevç
На 28.08.2024 во 17.15 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека на локалниот пат с.Мороишта кон с.Волино, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(69) од с.Требеништа, охридско и патничко возило „фолксваген транспортер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(37) од с.Могорче, дебарско. Во несреќата со […]
Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ја посети специјализираната болница за нефрологија во Струга, каде во тек е реконструкција и подобрување на условите за третман на пациентите во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“, преку Програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема“. Досега, што соопшти ресорното […]
МВР извести дека вчера во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Подмољје – Струга, возило „фолксваген голф“ управувано од С.М.(36) од скопското село Батинци излетало од коловозот. Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Н.З.(27), малолетник и возачот, констатирани во Медицинскиот центар Струга. […]
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(51) и 41 – годишната А.С., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. На 3 август во Струга, пријавените физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Вчера во 00.57 часот во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, повеќе лица агресивно се однесувале кон медицинскиот персонал. Увид на местото увид извршија полициски екипи и дежурен јавен обвинител. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од тетовското село Теарце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. – Тој, на 26-ти јуни 2024 година, во станбен комплекс во Струга запалил отпадни материјали, информираат од СВР Охрид.
На 22.07.2024 во 17.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Велешта, струшко, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 67 годишен жител од с.Велешта и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 61 годишен жител од с.Велешта, со живеалиште во Република Австрија. Во несреќата со […]