Сабота, 14 ноември 2026 сабота, 14 ноември Струга 17°C Струга 17°C Пријави вест
Струга

Работилница за квалитет на воздух во основните училишта ОУ „Мурат Лабуништи“ и ОУ „Браќа Миладиновци“

Објавено: · 1 мин читање
Работилница за квалитет на воздух во основните училишта ОУ „Мурат Лабуништи“  и ОУ „Браќа Миладиновци“

Во соработка со Хидробиолошкиот институт, одржавме едукативна работилница за квалитетот на воздухот во рамки на проектот Мрежа за искуствено учење со учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Мурат Лабуништи“.

Преку интерактивни активности, учениците научија како загадувањето на воздухот влијае врз животната средина и здравјето, како и кои мерки можеме да преземеме за да го зачуваме чистиот воздух.

Благодарност до наставниците и учениците за нивната активност и интерес!

Заедно градиме свесност за почиста и позелена иднина!