Царинската управа ќе наплати 2 милиони денари, пари што што ќе се слеат во Буџетот, откако фирма од Скопје се обидела да избегне плаќање на увозни давачки за 12.536 метри кубни гас аргон со вкупна вредност од 1.555.108 денари. Со пресуда на суд фирмата треба да ја плати вредноста на стоката предмет на царинскиот прекршок, […]
Претседателот на Собранието, Јован Митрески ги распиша двојните избори. Претседателски избори треба да се одржат на 24 април, а на 8 мај се закажани парламентарните избори. – Денеска, во согласност со мојата уставна надлежност и уставно предвидените рокови, ги потпишав решенијата за распишување на изборите за претседател на Република Северна Македонија и за пратеници во Собранието. […]
Денеска (14 февруари) околу 12 часот во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на Стража, патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки управувано од 49-годишниот Б.Н. од Охрид удрило во паркирано моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП„Македонија пат“. Во несреќата, возачот починал на самото место, а […]
Холандското органско какао „Cacao powder raw“ и чипсот „ВИПА Грил“ се повлечени како небезбедни, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи, но во него е утврдена количина на кадмиум над дозволената, додека чипсот бил достапен на пазарот и во него е детектирано присуство на […]
Владата на Република Македонија донесе одлука со која се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните. Во таа насока задолжено е министерството за внатрешни работи да ги преземе соодветните правни акти, согласно што возачките и сообраќајните дозволи коишто треба предвремено да се заменат, ќе бидат без надомест. Исто така, на седницата […]
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во рамки на информативниот караван Резултати за земјоделците, е во работна посета на Свети Николе, каде на повеќе средби со земјоделците од Свети Николе ќе ги презентира новите мерки за поддршка на земјоделците во оваа 2024 година. Секојдневно сме на терен меѓу земјоделците, разговараме и ги […]
– На церемонијата за доделување на донираната опрема учествуваа директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов, координаторот на ТИКА во Скопје, Мехмет Бајрак, како и претставници на Управата за финансиска полиција и на ТИКА. – Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) донираше техничка опрема за Управата за финансиска полиција на Северна Македонија, јавува […]
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој јареализраше исплатата за дополнителните субвенции за предадено јаболко во откупенили преработувачки капацитет со што со финансиска поддршка се стекнаа 1955земјоделски стопанства во вкупна вредност од 203.3 милиони денари. Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделските стопанства кои секорисници на мерката за оддржување на постоечки јаболкови насади […]
Министерството за економија согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во 2024 година ќе доделува потврди-ваучери за одмор на овие категории на граѓани. Јавниот повик ќе биде објавен во понеделник на 12 февруари, а сите работници кои имаат ниски приходи ќе може да аплицираат за ваучер-потврда во вредност од 18.000 […]
Налепниците се бесплатни, а треба да ги набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК. Министерството за внатрешни работи почна да ги дистрибуира налепниците со ознака NMK до референтите за сообраќај во подрачните станици за технички преглед. Од МВР информираат дека граѓаните ќе можат да ги подигнат во […]