Од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево –Охрид, информира Министерството за транспорт. По тој повод, како што посочуваат, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница. […]
На 26.05.2025 година во 22.15 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, лишено од слобода е 50 годишно лице од селото Волино, општина Дебрца. Тој претходно, на локален пат помеѓу селата Волино и Мороишта, пресретнал моторно возило во кое се превезувала 46 годишна жена од едно охридско село и физички ја нападнал. Против напаѓачот, ќе […]
На 24.05.2025 околу 11 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Живко Чинго“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(49) од Охрид и патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Охрид. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле […]
Билетите се цени почнувајќи од само 1.299 МКД во еден правец (вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба). Авиокомпанијата Визер која доби субвенции од владата за летот Охрид – Базел од денеска почна да продава билети за првиот лед 27 октомври. Визер на оваа релација, како што е најавено ќе лета два пати […]
Овој викенд Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид ќе ја спроведе еколошката акција „Охрид ЕКО 2025“, насочена кон чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад. Во сабота, десетици нуркачи од Македонија и регионот ќе се вклучат во расчистување на езерското дно на неколку локации – Градското пристаниште, Љубаништа, Заливот на коските, автокампот „Градиште“ и […]
ЈЗУ Општа болница Охрид доби вредни финансиски донации за набавка на нова опрема на одделот за патологија и одделот за офталмологија . Едниот современ апарат е за оптичка кохерентна томографија, што е основна дијагностичка алатка во модерната офтолмологија . Со овој апарат пациентите наместо по приватни ординации дијагностички услуги ќе добиваат во болницата. Втората донација […]
Во срцето на Националниот парк „Галичица“, европскиот елен се враќа дома, не само како симбол на дивината, туку како клучен чувар на рамнотежата во екосистемот. – Присуството на елените во Националниот Парк „Галичица“ е клучно, тие ја поттикнуваат разновидноста на растителни видови и ја поддржуваат природната рамнотежа на паркот, информираат од паркот. Целта е создавање […]
На 08.04.2025 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 26 годишно лице од село Косел. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана, информираат од МВР. Тој бил задржан во полициска станица […]
Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Охрид- Ресен кај превојот Буково, соопштија вечерва од АМСМ. Како што посочуваат, сообраќајот е во прекин поради случена сообраќајна несреќ Од 17 часот поради врнежи од снег на овој патен правец е издадена забрана за движење на тешки товарни возила како и на уште неколку други.
Со пристигнување на патници од Истанбул, денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ официјално беше означен стартот на нововоспоставената авионска линија од Истанбул до Охрид. Станува збор за првиот лет на директната линија на авиокомпанијата „Turkish Airlines“, која од денеска ќе сообраќа од Истанбул до Охрид. Според претходните најави, летовите на релацијата Истанбул – Охрид […]