СВР Охрид вчера започна со реализација на превентивната кампања „Стави појас“ Полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, на повеќе пунктови во градот, низ непосреден контакт на возачите на моторни возила им укажаа на неопходноста од користење безбедносен појас додека управуваат со моторното возило. – Исто […]
Авиокомпанијата „Визер“ од средината на јануари привремено ќе ги укине летовите Скопје-Луксембург и Скопје-Болоња, како дел од намалувањето на капацитетот на својата мрежа поради глобалниот проблем со моторите произведени од „Прат и Витни“, објави специјализираниот веб сајт „Екс-Ју авијација“. Се намалува и бројот на неделните летови од Охрид до Виена од првично планираните четири на […]
Верижна сообраќајка денеска се случи кај влезот на Охрид и Струга. Според информациите од терен, се судриле четири возила. На терен се и три полициски возила кои вршат увид. Засега нема информации за повредени лица.
ТАВ Македонија бележи силен пораст на бројот на патници за периодот јануари – јуни 2023 година. Имено, 1.338.406 патници патувале преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во првата половина на 2023 година, што претставува годишен пораст од 41%. На охридскиот аеродром во првата половина од 2023 година најфреквентна дестинација за патување […]
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на реконструираната делница од Подмоље до Охрид. Од денеска согласно времениот режим, делницата е биде вратена за сообраќај а со тоа граѓаните и туристие повторно ќе можат да го користат за сообраќај […]
Пред неколку дена, сакајќи да фотографира ново семејство лебеди, жител кај Грашница регистрирал човек што лови крап со харпун. Тој, како што е напишано на социјалните мрежи, отпрвин не бил сигурен, но добил потврда од жител на населбата дека се работи за индивидуа што лови крап со харпун. Практиката, според информацијата на социјалните мрежи, траела […]
СВР Охрид ги информира граѓаните дека денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља“ до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец, беше затворена за сообраќај. Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за […]
Воздухопловниот винг на Армијата под Командата за операции и Планинската спасителна служба од Охрид утре во кругот на Центарот за обука на вода кај Студенчишта ќе одржат презентација на дел од воздухопловите, армиската опрема и опремата за спасување на планина и тешко пристапни терени. Отворениот ден се организира со цел промоција на хуманата мисија на […]
По силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град кое го зафати денеска Охрид се појавија и материјални штети. Имено, од силниот град со големина за лешници оштетени се возила. Според фотографиите од Охрид, може да се забележат искршени стакла.
Невремето во Охридскиот регион предизвика проблеми и во редовниот авио сообраќај. Авион од компанијата „Визер“ кој полета од Малме, Шведска, не можеше да слета на охридскиот аеродром „Св. Петар и Павле“. Авионот кружеше на Охрид и Струга речеси два часа. Планирано време за слетување беше во 11 часот. Подоцна авионот беше пренасочен кон Тирана и […]