Сообраќајка во Охрид, тешко повреден пешак

Синоќа на крстосницата од бул. „Туристичка“ со ул. „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило марка „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.С. (43) од село Лешани, општина Дебарца удрило во пешак К.С. (43) од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.С. , констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ