Во четврток во Охрид пристигнува првиот авион на Turkish Airlines, на летот од Истанбул до Охрид

Во четврток, на 27-ми март 2025 година, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе пристигне првиот лет од Истанбул до Охрид на авиокомпанијата Turkish Airlines.

Се очекува на настанот да присуствуваат и премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски, Фатих Улусој, амбасадор на Република Турција во Република Македонија, Серкан Каптан, главен извршен директор на ТАВ Аеродроми и Билал Екси, главен извршен директор на Turkish Airlines.

Според најавите , четири пати неделно ќе се лета на релација Охрид-Истанбул. Turkish Airlines веќе од претходно закажа и пушти во продажба летови меѓу Истанбул и Охрид за летната сезона, 2025 година. Ќе се лета во понеделник, четврток, петок и недела со летала од типот Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900. Превозникот претходно аплицираше за државни субвенции за стартување на услугата.

Гостите од Турција традиционално се најбројни во нашата држава. Според официјалните податоци на Заводот за статистика, само во текот на јули годинава, Република Македонија ја посетиле 53.296 гости од Турција. (Крај)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ