„Инсталирана интернет мрежа во ЈЗУ „Нефрологија“ Струга – бесплатен интернет за пациенти на хемодијализа“ „Монтирани нови телевизори во салите за хемодијализа во ЈЗУ „Нефрологија“ Струга“ „Со ова се исполнува уште едно барање на пациентите, бидејќи нивните потреби се наша обврска. Продолжуваме со посветеност за нивното добро, велат од струшка нефрологија.“
Ве известуваме дека утре, 28.01.2025 година, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во следниве реони: Центар, Беќирофци, Автобуска и Костење. Прекинот ќе трае од 10:00 часот до 14:00 часот. Причина за прекинот е подобрување на електричната мрежа, информираат од ЕВН Македонија. Ви благодариме за разбирањето. Со почит,ЕВН Македонија
Денес започна со Асфалтирање на главната улица во Центарот на Лабуништа, што е значаен проект за подобрување на инфраструктурата во оваа населба. Проектот се реализира благодарение на Општина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко. Градоначалникот Мерко истакна дека оваа инвестиција е дел од континуираните напори за модернизација на инфраструктурата во општината и подобрување на животните услови […]
Голема благодарност до г-дин Шабан Фејзулоски од Лабуништа, Здравствен дом Госпиќ Република Хрватска, г-ѓа Дубравка Јаксичиќ, жупанот на Личко-сенска жупанија, г-дин Ернест Петр, министерот за здравство, Д-р Арбен Таравари, директорот на Малмед, г-дин Сефедин Јонузи, заменик директорот на Царинската управа, г-дин Гарип Каба и Д-р Аладин Демишоски за донирањето на ЕХО и ЕКГ апаратите. Оваа […]
Полициски службеници од ОВР Струга одржаа работен состанок со претставници на Центарот за социјални работи Струга со цел засилена меѓусебна соработка и координација за намалување на малолетничката деликвенција како дел од општиот криминал. Средбата имаше и превентивно-консултативен карактер со цел таргетирање на појавните облици, но и лица малолетници од подрачјето кои манифестираат негативно и деликвентно […]
Почитувани риболовци, членови и симпатизери на Риболовното Друштво „Карп Фиш“ Лабуништа, со голема радост ве известуваме за една важна вест! Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неодамна објави јавен оглас за доделување концесија за риболовниот ревир кој го опфаќа течението на реката Црн Дрим, нејзините притоки, како и акумулацијата Глобочица. Со гордост ви соопштуваме дека […]
Ве известуваме дека од утре, 20 јануари, започнува второто полугодие во Основното училиште „Мурат Лабуништи“. Во таа насока, молиме сите жители на Лабуништа да ги тргнат паркираните моторни возила од дворот на училиштето за да се овозможи непречен пристап за учениците и наставниот кадар. Ви благодариме за разбирањето и соработката. Мурат Лабуништи
Во рамките на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“, обезбедени од Европската инвестициска банка и Владата на Република Северна Македонија, а кои ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините склучен е договор за „Замена на азбестцементната водоводна мрежа во град Струга“. Договорот […]
Денеска во 01.50 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 32 годишно лице од с.Драслајца, струшко, удрило во 36 годишен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. […]
Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија. Полициски службеници на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница кај Струга, во багажник на aвтомобил „БМВ” открилe лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија. Како што информираше Полициската управа од Корча, возилото го управувал М.Ч. (25), а затекнатото лице […]