Планиран прекин на електрична енергија во делови од Лабуништа и Подгорци

Поради планирани технички зафати, на ден 21.04.2026 година ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од село Лабуништа. Прекинот ќе ги опфати реоните: патот за Боровец, Тишлери, Беќировци, автобуска станица, како и дел од село Подгорци (ТС према с. Лабуништа).
Прекинот ќе започне во 09:30 часот и се очекува да трае до 15:30 часот.
Надлежните служби информираат дека прекинот е поради изведување на планирани работи со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на електродистрибутивната мрежа. Се замолуваат граѓаните за разбирање.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ