Додека Украина се подготвува за тешка зима, на хоризонтот постои закана што многумина ја сметаат за многу поопасна, а тоа е брзањето американскиот претседател Доналд Трамп. Европските лидери започнаа итна дипломатска контраофанзива за да го спречат Трамп да и наметне на Украина брз мировен договор, кој би одел во прилог на Русија. Загриженоста што се […]
Израелските медиуми објавија дека кабинетот за безбедност на земјата одобрил „основање и регулирање“ на 19 населби во окупираниот Западен Брег, кои се нелегални според меѓународното право. Тие вклучуваат две населби во северниот дел на Западниот Брег кои беа демонтирани за време на таканареченото „раскинување“ во 2005 година. Според порталот Ynet, планот бил „координиран однапред со […]
Британскиот крал Чарлс III денес ќе зборува за дијагнозата и закрепнувањето од рак, користејќи ја својата лична приказна за да ги охрабри другите да направат рани тестови што можат да ги зголемат нивните шанси за преживување. Снимената порака ќе биде емитувана во 20:00 часот на британскиот Канал 4, кога кралот Чарлс ќе зборува за своите […]
Иранските власти ја уапсија добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, во петокот, соопшти нејзината фондација, повикувајќи се на нејзиниот брат. Фондата со седиште во Париз соопшти дека Мохамади била „присилно приведена“ од безбедносните и полициските сили за време на комеморативната церемонија за Хосров Аликорди, адвокат кој неодамна беше пронајден мртов во својата канцеларија. […]
Романија објави дека два случаи на лепра се откриени во бања во северозападниот град Клуж, што е прв потврден случај на болеста во земјата-членка на Европската Унија по повеќе од 40 години. Министерството за здравство соопшти дека уште две лица се тестираат, додека двата потврдени случаи – индонезиски жени на возраст од 21 и 25 […]
Во ниту една голема светска трагедија, судовите не ја барале вината кај институциите што ги издале дозволите пред многу години. Насекаде и секогаш, одговорноста паднала врз оние што во моментот на трагедијата ја менаџирале безбедноста. Кога во 2003 година во „Station NightClub“ во САД изби пожар и загинаа 100 лица, ниту еден државен службеник што […]
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во Берлин изјави дека членките на Алијансата се следната цел на Русија. Тој на прес-конференцијата рече дека НАТО мора да вложи максимални напори за да спречи војна што би можела да биде „од размерите на војната што ја преживеале нашите дедовци и прадедовци“, пренесува Скај њуз. Според него, […]
Обилните дождови предизвикаа големи поплави во американската држава Вашингтон, што доведе до наредба за евакуација на десетици илјади жители. Гувернерот Боб Фергусон вчера ги повика луѓето во загрозените подрачја да ги следат упатствата на локалните власти и да се евакуираат. Се верува дека бројката на евакуирани може да достигне и 100.000 жители. „Разбирам дека многумина […]
Јапонија е погодена од земјотрес со прелиминарна магнитуда од 6,7 степени според Рихтеровата скала, а издадено е предупредување за цунами во северните и североисточните делови на земјата. Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан во близина на префектурата Аомори, објави „Кјодо“. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека тихоокеанскиот брег на Хокаидо, како и префектурите Аомори, Ивате и Мијаги, би можеле да […]
Во Херфорд , во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија , 16-годишно момче е тешко повредено во напад со нож . Како што потврди портпаролот на полицијата, инцидентот се случил во споредна улица, во близина на божиќниот пазар , пишува „Шпигел“. Според првичните информации, напаѓачот и жртвата се познавале од претходно. Осомничениот по нападот избегал и уште е во бегство, а полицијата не објавува дополнителни детали за […]