ВИДЕО:Страшно невреме во Австрија – патници заробени во автобус додека кал и вода навлегувале во возилото

Пороен налет на вода и кал синоќа исфрлил автобус од пат во австриската долина Штанцертал. Во возилото биле возачот и тројца патници, а сите четворица биле спасени од пожарникари, објави Хеуте.

Невремето, проследено со обилни дождови, предизвикало повеќе одрони околу 20:20 часот во понеделникот. Камења и кал завршиле на патиштата Б171 и Л68, а на делницата меѓу Шнан и Флирш порој однел редовен автобус што се движел низ долината.

Водата и калта од потокот Хое Рифе на коловозот достигнале висина од околу 80 сантиметри и навлегле во автобусот. Пожарникарите потоа морале да ги извлечат 49-годишниот возач и тројцата патници.

Патниците, 31-годишен маж од Иран, 39-годишна жена и 14-годишно девојче од Австрија, не биле повредени. Возачот, пак, со возило на брза помош бил пренесен во болница во Замс, со повреди чија тежина не е позната.

Општинскиот пат и патот Л68 останале затворени во текот на ноќта. Пристапот до куќите во областа бил овозможен од 21:30 часот преку заобиколен правец преку автопатот С16. Патот Б171 бил расчистен и повторно отворен за сообраќај до 22:20 часот.

По дополнителна проценка на состојбата, во текот на денот треба да биде вклучена и тешка механизација за расчистување на теренот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ