Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој од денеска е во посета на Москва ќе разговараат за предлогот на Пекинг за запирање на конфликтот во Украина, соопшти Кремљ. „На овој или оној начин, прашањата покренати во планот (на Пекинг) за Украина ќе бидат разгледани за време на преговорите. Сеопфатни објаснувања ќе даде […]
Велика Британија ги намали царините на нула за сите стоки од Украина во мај минатата година, а во ноември начелно се согласи на дигитален трговски договор со Киев. Овој договор меѓу Велика Британија и Украина ќе биде потпишан денеска на состанокот на украинските министри и британските бизнисмени во Лондон. Британската секретарка за бизнис и трговија […]
САД го поздравуваат договорот што Косово и Србија го постигнаа во Охрид со посредство на ЕУ за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите, соопшти Стејт департментот. „Ги пофалуваме претседателот на Србија и премиерот на Косово за нивното лидерство во постигнувањето договор. Исполнувањето на обврските на Косово и Србија од Основниот договор, во […]
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ја започнува посетата на Русија, што е негова прва посета на странска земја откако беше избран по третпат за претседател на Кина, а исто така прва посета на Русија од почетокот на руско-украинскиот конфликт во февруари 2022 година. Посетата ќе ги постави основите за развој на кинеско-руските односи во следните […]
Кинеските власти го повикаа Меѓународниот кривичен суд да ги избегне, како што нагласија, „двојните стандарди“ и да го почитува имунитетот на шефовите на држави. Трибуналот издаде налог за апсење на рускиот лидер Владимир Путин под обвинение за воени злосторства. -Судот треба да „задржи објективен и непристрасен став“ и „да го почитува имунитетот на шефовите на […]
Загадената вода за пиење и недостиг на санитарна инфраструктура ги загрозуваат животите на децата ширум светот, соопшти УНИЦЕФ. Секој ден, повеќе од илјада деца на возраст под пет години умираат од болести предизвикани од загадена вода, недостиг на санитарни услови и лоша хигиена, објави УНИЦЕФ денеска во Њујорк. Вкупно 190 милиони деца во 10 африкански […]
Министрите за правда од целиот свет ќе се сретнат денеска во Лондон за да разговараат за зголемување на поддршката за Меѓународниот кривичен суд (МКС) откако минатата недела издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. МКС го обвини Путин за воено злосторство за незаконско депортирање стотици деца од Украина. Москва ги отфрла обвинувањата, нарекувајќи […]
Американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше синоќа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да „изрази загриженост“ поради планот на неговата влада за реформирање на правосудниот систем што предизвика широки протести низ Израел и да го повика Нетанјаху на компромис. Бајден разговараше со Нетанјаху од неговиот дом во Вилмингтон, Делавер, каде го помина викендот. Белата куќа соопшти […]
Банката „Ју-Би-Ес“ (УБС) се согласи да ја купи „Кредит свис“ во историски договор, а целта е да се спречи кризата на доверба која се закануваше да се прошири на светските финансиски пазари. Швајцарската банка за оваа трансакција ќе плати повеќе од три милијарди долари, а се работи за купување на сите акции по цена што […]
Откако противбродската мина, оставена во пристаништето Риека од Втората светска војна, успешно беше уништена со експлозив на безбедна локација во заливот Риека, во 14 часот и 45 минути се огласија сирените за крај на опасноста и завршување на акцијата за отстранување и неутрализирање на мината. Како што информираат од Штабот за цивилна заштита на градот […]