Тројца полицајци загинаа по пукотницата што се случи вчера во американската држава Пенсилванија. Уште двајца полицајци се ранети, потврди гувернерот Џош Шапиро за време на итен телефонски разговор. Според американските медиуми, осомничениот за нападот починал откако се застрелал, додека властите официјално објавија дека заканата е „неутрализирана“, пренесува Би-Би-Си. Гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, потврди дека […]
Шест деца, меѓу кои и едно двомесечно бебе, беа пронајдени заклучени во магацин во Милвоки, најнаселениот град во американската држава Висконсин. Полицијата реагирала откако добила пријави за деца заклучени во магацин. На местото на настанот биле пронајдени шест деца на возраст од два месеци до девет години, соопштија локалните власти, според ABC News. Првично полицијата […]
Најмалку 12 лица се водат како исчезнати откако згради се урнале поради силни врнежи од дожд во градот Чамоли, во индиската сојузна држава Утараканд, соопштија денеска локалните власти. Главниот министер на Утараканд, Пушкар Синг Дхами, изјави дека локалната администрација, Државната служба за одговор при катастрофи (SDRF) и полициските тимови веднаш пристигнале на местото на настанот […]
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја повика Европската Унија да се обедини во екот на војните и кризите, како и протекционистичката политика на американскиот претседател Доналд Трамп, и се залагаше за реформи на блокот од 27 члена, објави германската новинска агенција ДПА. Поранешниот лидер на конзервативната Христијанско-демократска унија (CDU) зборуваше на симпозиум на Фондацијата Конрад […]
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Европската Унија да престане да купува нафта од Русија поради војната во Украина и му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека мора да постигне мировен договор со Владимир Путин. Трамп ги опиша постојните европски санкции како недоволни и ги повика сојузниците во НАТО да воведат санкции врз Кина […]
Овогодишното лето беше најжешкото во Шпанија откако почнаа да се водат евиденции во 1961 година, а исто така придонесе и за најлошата сезона на пожари во последните три децении, според шпанската метеоролошка агенција АЕМЕТ. Летото 2025 година беше за 2,1 степени Целзиусови потопло од просекот за периодот 1991-2020 година и го надмина претходното најтопло лето […]
Илјадници семејства се обидуваат да избегаат од Газа додека израелската војска спроведува копнена операција како дел од нејзината голема офанзива насочена кон освојување на градот. Лина ал-Магреби, 32-годишна мајка на три деца од населбата Шеик Радван, за Би-Би-Си изјави дека се спротивставила на напуштањето на домот – и покрај опасноста – сè додека не добила телефонски повик […]
Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денес соопшти дека најмалку 50 лица загинале откако брод со 75 судански бегалци се запалил во близина на либискиот брег во неделата. ИОМ соопшти дека им обезбедува медицинска помош на преживеаните. Транзитна рута за мигранти Либија стана транзитна рута за мигранти кои бегаат од конфликти и сиромаштија кон Европа преку […]
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, го поканил на состанок во Белата куќа на 29 септември, три дена по планираното обраќање на израелскиот премиер пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Како што изјави тој на прес-конференцијата, повикот дошол за време на телефонски разговор во понеделник, објави „Тајмс оф […]
Тајлер Робинсон (22) е обвинет за убиството на десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк (31), кој беше застрелан за време на митинг минатата среда. Робинсон, по потекло од Вашингтон, Јута, денес се појави на суд, обвинет за тешко убиство и попречување на правдата. Обвинителите најавија дека ќе бараат смртна казна за Робинсон. Според обвинението, 22-годишникот наводно му […]