Компанијата Јутјуб (Alphabet Inc. YouTube) денеска објави дека ги укина ограничувањата за каналот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Платформата за видео стриминг го забрани Трамп на 12 јануари 2021 година поради кршење на неговата политика за поттикнување насилство. Тоа се случи откако неговите приврзаници упаднаа во американскиот Капитол кога Конгресот почна да ја потврдува […]
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска побара од турскиот Парламент да гласа за апликацијата на Финска за влез во НАТО. „Одлучивме да го започнеме протоколот за пристапување на Финска во НАТО во нашиот Парламент“, нагласи Ердоган по разговорите со неговиот фински колега Саули Ниинисто.
Штетите предизвикани од катастрофалните земјотреси во Турција на почетокот на февруари достигнаа 103,6 милијарди долари, што е околу девет отсто од проектираниот БДП за 2023 година, соопшти денеска Министерството за финансии во Анкара. Таа сума е шест пати поголема од штетата предизвикана по земјотресот во Мармара во 1999 година. Најголем дел од штетата, 54,9 отсто, […]
Вкупно 67 пациенти од цела Европа се заразиле со ботулизам откако примиле ботокс-инјекции за слабеење во најмалку две клиники во Турција. Затоа здравствените власти веќе бараат итно предупредување за оваа инјекција. Сите засегнати пациенти примиле ботокс за желудникот. Тоа ги парализира мускулите на дигестивниот систем и на тој начин го забавува варењето. Турските клиники ги […]
Во Амстердам би можел да се формира голем инвестициски фонд на НАТО за нови компании, а Алијансата денеска ќе одлучи каде ќе биде сместен, изјавиле добро упатени извори за холандскиот Finansiele dagblad. Целта на фондот е да ги поттикне европските технолошки компании кои се фокусираа на напредна технологија која е погодна и за воени апликации, […]
Мексиканските власти уапсија 14-годишно момче со прекар „Ел Чапито“ за убиство на осум лица поврзани со дрога, во близина на Мексико Сити, соопшти федералниот оддел за јавна безбедност во четвртокот. Момчето отворило оган врз семејство во сиромашното предградие на Мексико Сити Чималхуакан, возејќи се на мотоцикл. За убиството, исто така, е уапсен уште еден човек, […]
Државите кои ја малтретираа Украина ќе одговараат кога војната ќе заврши, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Шефот на украинската дипломатија истакна дека Киев ќе ги земе предвид одлуките на секоја земја од почетокот на инвазијата на Русија при донесувањето на идните одлуки, пишува Би-Би-Си. Кулеба, исто така, предупреди дека одложувањето на […]
Словачкиот премиер Едуард Хегер денеска соопшти дека неговата Влада го одобрила планот на Украина да и испрати борбени авиони МиГ-29. Хегер истакна дека Владата едногласно одлучила да му испрати на Киев авиони од советската ера кои веќе не ги користи. Со оваа одлука Словачка стана втората земја – членка на НАТО која одговори на упорните […]
Северна Кореја денеска потврди дека истрелала интерконтинентална балистичка ракета со цел, како што наведе, „да им влее страв на непријателите“. Ракетата беше лансирана вчера изутрина, неколку часа пред јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол да се сретне со јапонскиот премиер Фумио Кишида на самит, делумно насочен кон обнова на безбедносните врски меѓу американските сојузници во услови на […]
Беше петок наутро, а бран на јавна паника почна да се шири околу една од водечките финансиски институции во технолошката индустрија. Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, нагласи дека кога банките доживуваат финансиски загуби, „тоа е и треба да биде причина за загриженост“. Следните 72 часа беа клучни, а САД успеаја да се справат со […]