Израелски војници утрово убија тројца вооружени Палестинци, кои нападнаа пункт на армијата на окупираниот Западен Брег, соопшти израелската армија. Во соопштението се нагласува дека четвртиот напаѓач е приведен откако се предал. Инцидентот се случи во близина на градот Наблус, во северниот дел на Западниот Брег. Не сметајќи го денешниот инцидент, најмалку 75 Палестинци се убиени […]
Републиканското мнозинство во Претставничкиот дом на САД почна истрага за одлуката на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да се повлече од Авганистан во август 2021 година. Експертите за имиграција и американски војници кои учествуваа во евакуацијата сведочеа дека хаотичното повлекување е резултат на децениски погрешни одлуки, јавија американски медиуми. „Поради занемарување на должноста на […]
Страшна сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопат во Унгарија. Повеќе од 40 камиони и автомобили биле дел од верижниот судар на 26-от километар од автопатот М1, што најверојатно се случил поради бура од прашина. Веднаш по несреќата избувнал пожар. Полицијата во Будимпешта соопшти дека повеќе десетици луѓе се повредени, од кои некои се наоѓаат […]
Синоќа е убиен 16-годишен Палестинец кој наводно фрли молотов коктел врз воен контролен пункт на Западниот Брег, соопштија израелската армија и палестинските здравствени власти. Министерството за здравство на палестинските власти соопшти дека момчето, Амир Мамун Одех, било застрелано во градите на периферијата на окупираниот град Калкилија на Западниот Брег. Воен портпарол изјави за израелските медиуми […]
Кинескиот Парламент денеска го избра Ли Чианг за премиер во гласање што беше практично формалност, јавија западни медиуми. Ли е близок доверлив човек на претседателот Си Џинпинг, кој вчера беше реизбран за трет мандат. Кинескиот национален народен конгрес во голема мера само ги одобрува одлуките на владејачката Комунистичка партија. Еднодомниот Парламент вчера едногласно го реизбра […]
На 11 март пред три години, Светската здравствена организација прогласи пандемија од коронавирус откако тој првично се појави во кинескиот град Вухан во декември 2019 година. Светот се соочи со полициски час, носење заштитни маски, ограничување на јавни настани, масовни тестирања за Ковид-19, онлајн учење и работа од дома. Секојдневието на граѓаните се промени за […]
Претставничкиот дом на САД едногласно го поддржа симнувањето на ознаката за тајност од американските разузнавачки информации за потеклото на Ковид-19. Одлуката ја поддржаа сите пратеници на Републиканската и Демократската партија, без ниту еден воздржан – резултатот беше 419:0, а останува само да биде потпишан од претседателот на државата Џозеф Бајден за да стапи на сила. […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев разговараше со финската премиерка Сана Марин за прашањата на одбраната и безбедноста, обновувањето на Украина и санкциите против Руската Федерација. „Клучна тема на денешните разговори беа одбраната и безбедноста, тоа е приоритет“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со Марин. Тој изрази благодарност до Финска за воената помош за […]
Германската полиција во Карлсруе опколи област поради тековната заложничка ситуација во аптека, јави ДПА. Во тек е голема полициска акција. „Службите за итна помош се на терен поради заложничка ситуација во аптеката на улицата Етлингер. Моменталната ситуација е нејасна, повеќе информации наскоро“, напиша локалната полиција на Твитер. Се уште не се знае колку луѓе во […]
Швајцарската влада денеска соопшти дека нема да ја промени својата долгогодишна политика за забрана на извоз на швајцарско оружје во трети земји и покрај зголемениот притисок од европските земји да го извезат во Украина. И одвнатре и однадвор растат повиците Швајцарија да ја прекине својата вековна традиција на неутралност по руската инвазија на Украина пред […]