Недела, 15 ноември 2026 недела, 15 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Свет

Зеленски му го претстави на Макрон „Планот за победа“ и го запозна со ситуацијата на фронтот

Објавено: · 1 мин читање
Зеленски му го претстави на Макрон „Планот за победа“ и го запозна со ситуацијата на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на средба во Париз на францускиот претседател Емануел Макрон му го претстави „Планот за победа“ во борбата против руската агресија.

„Денеска со Емануел Макрон ги споделив украинските планови, планот за победа и го запознав со ситуацијата на бојното поле“, рече Зеленски на заедничкиот брифинг со Макрон.

Тој им се заблагодари на Макрон и Франција за поддршката на Украина од почетокот на целосната руска инвазија.