Леталото полета над комплексот на седиштето на Xpeng во кинеската провинција Гуангдунг, по што новинарите се собраа околу возилото на платформата за слетување, пренесува Reuters.
Иако се претставува како „летечки автомобил“, Land Aircraft Carrier всушност е систем составен од два дела: комбе со шест тркала во чиј товарен простор се наоѓа мало летало. Комбето не полетува, туку служи за транспорт на леталото до локација каде што летањето е дозволено.
Откако сопственикот ќе го паркира комбето, леталото со една команда излегува, полетува, лебди и слетува, а по завршувањето на летот се враќа внатре во возилото.
Aridge, порано позната како Xpeng AeroHT, соопшти дека изградила фабрика во Гуангжу со капацитет од до 10.000 единици годишно. Според компанијата, испораките до купувачите се планирани да почнат во 2026 година.
До октомври минатата година Aridge имаше над 7.000 нарачки од целиот свет, вклучително 600 од Блискиот Исток по демонстративниот лет со пилот во Дубаи. Продажбата во тој регион се очекува да започне најрано во 2027 година.
Според најновите податоци на компанијата, во тек е сертификацијата на леталото во Кина. Управата за цивилно воздухопловство на Кина ја прифати апликацијата за сертификат за типот на леталото во март 2024 година, а апликацијата за сертификат за производство во мај 2025 година.




