Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека пет војници загинале при пад на хеликоптер на Командата на воздухопловните сили, за време на лет за обука во Ескишехир.
Министерството не ја откри причината за падот на хеликоптерот од типот „АС-532“. Тие наведоа дека хеликоптерот се урнал за време на воена вежба, пренесе агенцијата Анадолија.





