Повеќе од 20 лица загинаа, а најмалку 15 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во близина на египетската престолнина Каиро, откако цистерна со гориво се преврте и предизвика огромен пожар.
Според првичните информации, цистерната излетала од патот, удрила во бетонска бариера и се превртела, по што избувнал пожар од големи размери.
Повредените лица се пренесени во болница со повреди од различен степен на сериозност.
Засега не се познати точните причини поради кои возилото излетало од патот, ниту целосните размери на трагедијата.





