Сенаторката Фатима Пајман пристигнала на седницата со својата шестмесечна ќерка Алија, која набргу станала главна ѕвезда во парламентарната сала.
Додека Пајман им се обраќала на своите колеги, сенаторката Лидија Торп, која седела зад неа, си играла со девојчето, обидувајќи се да го насмее.
Пајман ја претставува Западна Австралија и е првата сенаторка од оваа сојузна држава која станала мајка за време на својот парламентарен мандат.
Нејзиното присуство со бебето во парламентот повторно го актуализираше прашањето за усогласување на родителските и професионалните обврски.
Симпатичниот момент внесе ведрина во сериозната атмосфера на парламентарната седница.
Извор: Radiosarajevo.ba




