Северна Кореја соопшти дека вчера тестирала нова интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво (ИЦБМ), а лидерот Ким Џонг-ун рече дека тоа претставува голем чекор во способноста на Пјонгјанг да изврши нуклеарен контранапад, објавија државните медиуми. „Хвасонг-18 ќе ја брани Северна Кореја, ќе ги сузбие инвазиите и ќе ја заштити безбедноста на нацијата, јави државната новинска […]
Анкара и Каиро се договорија за подобрување на билатералните односи и подигнување на дипломатските односи на највисоко ниво, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. „Новата страница што ја отворивме со Египет сакаме да ја исполниме со заеднички проекти и успешни приказни“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата во Анкара со египетскиот колега Самех Шукри. […]
ФБИ денеска го уапси гардистот од военото воздухопловство на САД, Џек Тешеира (21) поради кражба на американски доверливи информации, јавија светските агенции. Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд рече дека ФБИ го успасило Тешеира во врска со „истрагата за неовластено одземање, задржување и испраќање на доверливи информации за националната одбрана“. Тој додаде дека Тешеира ќе остане […]
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Канада. Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на 200 километри југозападно од Порт Мекнил. Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на канадската покраина Британска Колумбија, соопшти Американскиот геолошки институт. Епицентарот на земјотресот бил на 233 километри југозападно од градот Порт Мекнил, на длабочина од 8,2 километри, наведе Институтот. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. (МИА)
Демонстранти денеска упаднаа во седиштето на луксузниот моден бренд Луј Витон во Париз пред очекуваната пресуда за контроверзните пензиски реформи во Франција. Тие бараат француската влада да се откаже од планираните пензиски реформи и наместо тоа повеќе да ги оданочува богатите. Десетици демонстранти мавтајќи со знамиња и факели упаднаа во просториите на Луј Витон на […]
Германија го одобри барањето на Полска за извоз на стари германски борбени авиони МиГ-29 во Украина, соопшти денеска германското Министерство за одбрана Полска побара одобрение од Берлин за извоз на пет стари германски авиони МиГ-29 за зајакнување на воздушните сили на Украина во одбраната од руската агресија. Полското Министерство за одбрана се уште не го […]
По тридневна ерупција, активноста на вулканот Шивелуч на Камчатка, делумно е смирена, но сè уште исфрла облаци од пепел во висина до шест километри, соопшти денеска регионалната канцеларија на Геофизичкиот институт на Руската академија на науките. – Ерупциите продолжуваат, но тие се значително помалку интензивни. Треба да очекуваме дополнително забавување на еруптивната активност, но спорадичните исфрлања на […]
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се сретна со неговиот ирски колега Мајкл Хигинс, пред неговото историско обраќање во ирскиот Парламент. Се очекува, кога ќе им се обрати на членовите на двата дома на Парламентот, Бајден да ја претстави „заедничката визија“ за иднината на американско-ирските односи, објави „Блумберг“. Бајден ќе учествува на церемонијата на садење дрвја […]
Парламентот на Холандија денеска беше евакуиран по добиена лажна бомба. По еден час, откако беа извршени проверки полицијата дозволи враќање во зградата. Лидерот на Партијата на слободата и пратеник, Герт Вилдерс изјави дека лажната бомба била наменета за него и дека тоа е причината за евакуацијата. – Пакет со кадифено мече и жици беше доставен […]