Најмалку 29.605 луѓе загинаа во двата разорни земјотреси што ги потресоа јужните региони на Турција во понеделникот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), јави агенцијата Анадолија. Според податоците на АФАД, повеќе од 233.000 луѓе се вклучени во акциите за претрага и спасување на теренот. – Околу 148.000 луѓе досега се евакуирани од регионите погодени […]
Американската војска собори летечки објект над езерото Хјурон долж границата со Канада, соопштија денеска американските власти, што е трет таков инцидент во три дена и една недела откако кинески балон беше соборен над САД. Неименувани функционери рекоа дека војската го соборила објектот, но одбија да кажат дали наликувал на големиот бел кинески балон соборен претходно […]
НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници. – Кибер експертите на НАТО активно работат на инцидент што влијаеше на некои веб-страници на НАТО. НАТО редовно се справува со кибер инциденти и многу сериозно ги сфаќа таквите безбедносни закани, изјави претставник на НАТО за германската новинска агенција ДПА. Коментарот дојде по […]
Амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд го повика Советот за безбедност на ОН да одобри два дополнителни пристапни пунктови за испорака на помош за деловите од Сирија погодени од смртоносниот земјотрес минатата недела. – Луѓето во погодените области сметаат на нас. Тие апелираат до нашата заедничка хуманост да помогне во нивниот момент на […]
Околу 130 лица вклучени во изградбата на зградите што се урнаа во земјотресот се уапсени или издадени се налози за нивно апсење во Турција. Досега е утврдено дека во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и северна Сирија загинаа најмалку 28.191 лице, а 80.000 се повредени, а тој број сигурно ќе расте. Турција има […]
Бројката на загинати во земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија се искачи на над 33.000 лица. Повеќе од 29.605 загинати се во Турција, додека 3.553 жртви се бројат во Сирија. Во турските градови погодени од земјотресите се 32.071 тимови за пребарување и спасување кои продолжуваат да работат. Претседателството за управување со катастрофи и вонредни […]
Унгарија се противи на идејата за воведување на десетти пакет санкции против Русија, како и на сите други санкции на Европската Унија, бидејќи тие не помогнаа да се постигне мир во Украина, но затоа и наштетија на европската економија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. – Санкциите целосно ја промашија поентата, рече […]
Турското Министерствот за одбрана објави видео од кучето Сила која е дел од Баталјонот за спасување при природни катастрофи. Како што е објаснето Сила и покрај повредената шепа не се откажала од потрагата на преживеани под урнатините. Успеала да лоцира 12 лица кои биле извлечени живи. -Сила не се откажа од должноста и покрај повредата. […]
Анонимен маж со пакистанско потекло вчера влегол во турската амбасада во САД каде донирал 30 милиони долари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, јавува Си-ен-ен. Оваа вест на Твитер ја пренесе пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. „Длабоко трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони […]
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа објави видео од девојче кое е извлечено живо од урнатините во спасувачка операција со порака: „Секогаш има надеж“. Членовите на спасувачкиот тим го спасија девојчето од урнатините на зградата во Хатај, една од десетте провинции погодени од разорните земјотреси. На видеото може да се слушне разговорот меѓу девојчето и […]