
Отровна кобра направи хаос во авион: Пилотот принудно слетал на најблискиот аеродром
Јужноафриканскиот пилот Рудолф Еразмус за време на летот на релација Кејп Таун – Нелспрут на височина од 3.000 метри забележал дека во неговата кабина има змија и тоа не било каква змија, туку многу отровен вид кобра.
„Да бидам навистина искрен, како мојот мозок да не регистрирал што се случува“, изјави тој за Би-Би-Си.
„Тоа беше момент кој инспирира стравопочит“, додаде тој, велејќи дека на почетокот мислел дека „ладот на грбот“ е всушност неговото шише со вода.
„Почувствував студена сензација, нешто како лази по мојата кошула“, рече тој, мислејќи дека можеби не го затворил правилно шишето и дека водата му капе по кошулата.
„Кога се свртев налево и погледнав надолу, ја видов кобрата како ја влече главата назад под седиштето“, додаде тој.
Потоа принудно слета на најблискиот аеродром.