Вторник, 17 ноември 2026 вторник, 17 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Свет

Еден рутер предизвикал хаос во САД? Откажани над 18.000 летови, штетата се проценува на милијарди долари

Објавено: · 1 мин читање
Фото: TV21 — Свет
Фото: TV21 — Свет

Воздушниот сообраќај во Соединетите Американски Држави постепено се нормализира по тридневниот хаос, во кој беа откажани повеќе од 18.000 летови, а речиси 28.000 доцнеа.

Станува збор за најдолгиот прекин на полетувањата во последните 25 години, а првичните сомнежи се дека причината за колапсот бил само еден рутер, инсталиран при редовно одржување на системот.

Американскиот министер за транспорт, Шон Дафи, во гостување за CNBC процени дека економските последици од нарушувањето на воздушниот сообраќај ќе достигнат милијарди долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, ја посочи застарената опрема како клучен проблем, нагласувајќи ја потребата од модернизација на системот.

„Во суштина, она што го видовте беше многу стара опрема која доживеа срцев удар“, изјави Трамп пред новинарите.

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) сè уште користи застарена технологија, меѓу која компјутери „Компак“, дискети, рутери стари 25 години и хартиени ленти за следење на движењето на авионите.

По инцидентот, министерот за транспорт го зголеми барањето за финансирање на модернизацијата на контролата на воздушниот сообраќај и аеродромите од 30 на 50 милијарди долари.

Во Вашингтон, во меѓувреме, се разгорува политичката дебата за одговорноста за колапсот. Демократите во Конгресот бараат сослушувања и одговори за прекинот во комуникацискиот систем, кој во петокот повеќе од четири часа го парализираше речиси целиот воздушен сообраќај во САД.

Извор: TV21 — Свет