Украинскиот претседател Володимир Зеленски размислува за посета на Брисел, изјавија неколку претставници на Европскиот парламент за ДПА. Вработен во институцијата за ДПА изјави за „голема веројатност“ в четврток да се одржи специјална седница на ЕП со учество на украинскиот лидер. Истиот ден се очекува европските лидери да се соберат во Брисел на состанок на Европскиот […]
Се зголемува бројот на жртви во Турција и Сирија, по разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени кој вчера ги погоди земјите. Студеното и снежно време им ја отежнува работата на спасувачките екипи, но и потресите кои постојано го тресат тлото. Светот се организира да им помогне на Турција и Сирија да се справат со […]
Над 4.300 луѓе загинале во вчерашниот разорен земјотрес во Турција и во Сирија, велат последните податоци. Бројот на загинати во Турција од силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтер се искачи на 2.921, објави денеска тамошната агенција за помош АФАД. Новиот број го донесе потврдениот број на загинати во Турција и соседна Сирија […]
Мексиканските владини претставници во северниот дел на земјата објавија дека уште едно лице починало од мистериозна епидемија на менингитис, со што бројот на жртви од болеста се искачи на 35. До денеска, здравствените власти во претежно руралниот дел на државата Дуранго регистрирале 79 случаи во изминатите неколку месеци. Првиот случај на менингитис во Дуранго беше […]
Бројот на жртвите од силниот земјотрес што рано во понеделникот ја погоди јужна Турција може да достигне до 10.000 луѓе, соопшти Американскиот геолошки институт. Според проценката, има 47% шанси да достигне помеѓу 1.000 и 10.000 луѓе. Проценките се базираат на споредби со претходните земјотреси во регионот, населението изложено на најсилните земјотреси и ранливоста на објектите […]
Најмалку 5.606 згради се урнаа за време и по земјотресот во понеделникот, според турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби. Вкупно 19.574 спасувачки персонал работат во регионот на земјотресот за напори за опоравување, се вели во соопштението на АФАД. Туркиш ерлајнс во понеделникот објави дека продолжуваат летовите за Адана, Елазиг и Дијарбекир за […]
Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников нема да биде сменет оваа недела и покрај големите шпекулации што сугерираат поинаку, изјави во понеделникот лидерот на парламентарната група на претседателот Володимир Зеленски. – Нема да има кадровски промени во одбранбениот сектор оваа недела, напиша на Телеграм Дејвид Арахамиа, лидер на партијата „Слуга на народот“, јави ДПА. Резников, […]
Во земјотресите што денеска ги погодија Турција и Сирија, загинаа повеќе од 1.000 луѓе само во северна Сирија. Бројот на загинати во областите под контрола на владата се искачи на 570, соопшти Министерството за здравство на земјата. Во деловите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, според спасувачката група „Бели шлемови“, загинале најмалку […]
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи седумдневна жалост откако најмалку 1.650 луѓе загинаа во двата земјотреси што денеска ја погодија земјата, јавува Би-Би-Си. „Прогласена е седумдневна национална жалост. Знамињата низ целата земја ќе бидат на половина копје до зајдисонце на 12 февруари, како и во сите наши национални и странски мисии“, напиша Ердоган на Твитер. […]
Најмалку 3.000 луѓе загинаа во силните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија. Вкупниот број на повредени сега е поголем од 15.500, врз основа на информации од различни новински агенции. Најмалку 13.293 луѓе се повредени во Турција, а 2.461 во Сирија. Во Сирија, според последните податоци, загинале 1.073 лица. Турската Агенција за справување со катастрофи […]