Веб-страницата на француското Национално собрание од утрово е блокирана како резултат на кибер напад за кој одговорноста ја презеде проруската група „НоНејм“ (NoName). Според експертите од групата „Талес“ хакерите ја нападнале веб-страницата на Долниот дом на францускиот Парламент поради поддршката на Франција за Украина. Хакерите на Телеграм објавија дека нивната акција е одмаздничка мерка поради поддршката на Франција за […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети регионот Запорожје и се сретна со силите на фронтот кај Бахмут, а потоа разговараше со официјални лица и жители на Херсон. Тој објави видео на Telegram на кое се гледа како доделува медали на украинските војници. „Чест ми е што сум денеска овде, покрај нашата армија. Благодарен сум […]
Британската сателитско-комуникацика компанија „Уанвеб“ (OneWeb) ги лансираше последните 36 сателити во склоп на мрежата од првичните вакви 616 уреди, со коишто ќе му конкурира на „Старлинк“ на Илон Маск и ќе понуди глобална интернет-покриеност уште оваа година. Директорот на „Уанвеб“, Нил Мастерсон рече дека успехот на компанијата е резултат на обемна и напорна работа, и […]
Синдикалните демонстранти, огорчени од потегот на францускиот претседател Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање на Франција без гласање во парламентот, денеска го блокираа влезот на парискиот музеј Лувр, фрустрирајќи голем број посетители. Помал број демонстранти се собраа пред стаклената пирамида на Лувр и мирно демонстрираа против планот повеќето Французи да се натераат […]
Русија денеска соопшти дека нема да ги промени своите планови за распоредување „тактичко“ нуклеарно оружје во Белорусија и покрај бројните критики од западните земји. „Се разбира, таквата реакција не може да влијае на плановите на Русија“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Рускиот претседател Владимир Путин во саботата објави дека има договор со Минск за […]
Основачот на „Алибаба“, Џек Ма, по повеќе од една година престој во странство се врати во Кина, соопшти денеска весникот „Саут Чајна Морнинг пост“. Ма, еден од најистакнатите кинески претприемачи, ја напушти Кина на крајот на 2021 година и последните месеци беше виден во Јапонија, Австралија и Тајланд. Кон крајот на 2020 година тој се […]
Високиот меѓународен претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит денеска предупреди дека е крајно време да се формира влада во таа земја врз основа на резултатите од изборите одржани уште во октомври и ги повика политичките партии да се однесуваат одговорно и на тој начин да обезбедат продолжување на потребните реформи. Во авторски текст за […]
Во Германија денеска ќе се одржи најмасовниот штрајк во последните три децении, а лидерот на германскиот синдикат за услужни дејности „Верди“, Франк Вернеке, изјави дека штрајкот е прашање на опстанок на илјадници луѓе кои се борат за повисоки плати додека расте инфлацијата. Според најавите на синдикатите, во Германија речиси се ќе запре, пренесува „Дојче Веле“. […]
Израелската влада води дебата за тоа дали да ја замрзне нејзината контроверзна планирана судска реформа, откако вчера, по смената на министерот за одбрана, Јоав Галант, во земјата избија масовни протести, објави денеска „Џерусалим пост“. Десетици илјади луѓе спонтано се собраа во Тел Авив за да протестираат поради тоа што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го разреши […]
Карипската островска држава Куба вчера одржа парламентарни избори без ниту еден кандидат на опозицијата, што е вообичаено во земјата од комунистичката револуција во 1959 година. Вкупно 470 кандидати се натпреваруваа за исто толку пратенички места за следниот петгодишен мандат. Сите тие беа однапред одобрени од државните комисии. Од револуцијата во 1959 година, дозволено е да […]