Гроси: Бараме решение за ефикасна заштита на нуклеарната централа Запорожје

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска изјави дека се обидува да постигне договор за заштитните мерки за украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од Русија, истакнувајќи дека ги адаптирал своите предлози во обид да постигне „пробив во преговори“.

Гроси додаде дека претходно се залагал за создавање безбедносна зона околу нуклеарката Запорожје, за да се спречи евентуална нуклеарна катастрофа што може да биде предизвикана од меѓусебно гранатирање од руска и украинска страна.

Сепак, правиме одредени промени и ги приспособуваме предлозите што ги ставаме на преговарачка маса, истакна Гроси и изрази уверување дека е можно да се воспостави „некаква заштита“.

Тој додаде дека не се работи за концептот на територијална заштита, туку за идејата за воведување правила за тоа што треба да прави секој поединец во таа област за да се избегне нуклеарна катастрофа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *