Турција беше погодена од два нови силни земјотреси. Едниот бил со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, додека другиот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала. За потсетување, најмалку 1.498 луѓе загинаа, а 8.533 луѓе се повредени во Турција по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, изјави Јунус Сезер (Јунус), […]
Турција денеска беше погодена од неколку силни земјотреси. Потресите предизвика големи разурнувања и во соседна Сирија, каде што најмногу настрада градот Ал Баб. Тресењето на земјата е почувствувано и во други делови на Турција, Грузија, Ерменија, Кипар. A Powerful 7.8 magnitude #earthquake hits Turkey. The moment when rescue 🛟
„BBC“ ја потврди автентичноста на едно видео снимено кај градот Хатај. На него се гледаат гасоводи кои горат. На социјалните мрежи се појавиле снимки од гасоводи како горат на југот на Турција по разорните земјотреси, кои, според моменталните информации однеле повеќе од 1.800 животи во оваа земја и во Сирија. Турскиот министер за енергетика Фатих […]
Светската здравствена организација ја активираше својата мрежа на екипи за Итна медицинска помош во Турција и Сирија за да им помогне на погодените од земјотресот, соопшти на Твитер генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. -Тимовите ќе им пружаат основна здравствена заштита на повредените и најзагрозените лица погодени од земјотресот, изјави Тедрос пренесен од Си-Ен-Ен. […]
Повеќе од половина од трасата на регионалниот пат Ранковце-село Герман е пробиена, а екипите на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патни правци, секција Крива Паланка веќе втор ден интензивно го пробиваат овој правец. Како што информира раководителот на секцијата Боби Димитровски, се работи во екстремно лоши услови, висината на снежната покривка е […]
По извлекувањето Ајсе цврсто го држела својот татко додека оделе кон брзата помош. „Со свои раце копавме за да ги извлечеме мајката, таткото и синот. А тоа го направивме и за малата Ајсе. Успеавме да ја извлечеме. Штом слушнав што се случи, влеговме во автомобилот и побрзавме овде“. Вака изјавила една вработена наставничка со мајката […]
Вториот силен земјотрес кој пред неколку часа ја погоди Турција беше снимен додека репортер известувал во живо за турска телевизија. Настанот се случи во турскиот град Малатија, околу 13:30 часот по локално време. На снимката може да се приметат загрижените лица на луѓето кои се обидуваат да се сокријат од земјотресот.
Според најновите податоци во денешните два земјотреса во рок од 12 часа што ги погоди Турција и Сирија загинаа повеќе од 2.000 луѓе. Се очекува зголемување на бројот на жртви, а во тек се спасувачки операции. Според официјалните податоци на Турција загинале 1.014, а 5.383 лица се повредени, додека се урнале 2.818 згради. Сириското Министерство […]
Турција официјално побара помош од сојузниците на НАТО за справување со последиците од серијата силни земјотреси. Медицински тимови и опрема за итни случаи, различни единици за пребарување и спасување, како и „комплетно опремени теренски болници отпорни на екстремни временски услови“, се дел од барањето објавено од НАТО. Во документот, исто така, се наведува дека членката […]
Турција, која беше погодена од два екстремно силни земјотреси денеска, се протега на неколку раседи, меѓу евроазиската и африканската тектонска плоча, и затоа е меѓу сеизмички најактивните области во светот. Само минатата година турските сеизмолози забележаа повеќе од 22.000 послаби земјотреси, јави словенечката новинска агенција СТА. Земјотресот што се случи денеска со јачина од 7,8 […]