Кина соопшти дека наводниот шпионски балон, забележан над САД, е „цивилен воздушен брод“ што се користи главно за следење на времето, а кој ненамерно излегол од предвидениот курс на движење, јави Би-Би-Си. Американските претставници од Министерството за одбрана рекоа дека веруваат дека балонот, виден над чувствителните области во последните денови, всушност е уред за „надзор […]
Новите работни места создадени од американските работодавци се зголемија за 517.000 во јануари. Растот на новите работни места е изненадувачки силен во услови на агресивни потези на Федералните резерви на САД за борба со инфлацијата со зголемување на каматните стапки. Стапката на невработеност падна на 3,4 отсто минатиот месец, достигнувајќи го минимумот за половина век. […]
Турција е блиску до одлука да го одобри приемот на Финска во НАТО следниот месец, додека статусот на шведската апликација за членство во Алијансата останува неизвесен, јави Блумберг повикувајќи се на неименувани извори. „Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган е блиску до одлуката за одобрување на членството на Финска во НАТО … согласноста од Анкара […]
Норвешка ќе нарача 54 нови тенкови Леопард 2 од германско производство за својата војска од групата Краус-Мафеи Вегман, со опција за купување дополнителни 18 тенкови подоцна, соопшти денеска норвешката влада. – Ние се осигуруваме да ги имаме истите тенкови како нашите нордиски соседи и многу клучни сојузници во НАТО, рече премиерот Јонас Гар Стоере на […]
Високи функционери од Брисел денеска првпат во историјата на Евроблокот ќе разговараат со кандидат за членство во Европската унија на чија територија се води војна. Одлуката на Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел да дојдат во Киев со 15 еврокомесари на самитот ЕУ-Украина во време кога продолжува офанзивата на руските воени сили на истокот […]
По состанокот на неколку еврокомесари со членовите на украинската Влада во Киев, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа соопшти за нов пакет помош за Украина во вредност од 450 милиони евра и други мерки за поддршка. „Европската унија денеска испраќа многу јасна порака до Украина и пошироко за нашата колективна сила и […]
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека е сигурен дека неговиот претходник Жаир Болсонаро е „мозокот“ на нападот на владините згради на 8 јануари во главниот град на Бразил. Лула да Силва додаде дека на овој начин Болсонаро сакал да изврши државен удар. „Денес сфаќам и го кажувам јасно и гласно: овој граѓанин […]
Бугарскиот претседател Румен Радев ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната влада, соопшти прес-службата на шефот на државата. Радев вчера донесе указ за назначување преодна влада од 3 февруари со премиерот Галаб Донев. Единствена промена во составот е министерот за култура – Најден Тодоров ја презема функцијата од професор Велислав Минеков. Престануваат овластувањата на преодната […]
Директорот на ЦИА, Вилијам Брнс, изјави дека разузнавачката агенција проценува оти следните шест месеци ќе бидат „критични“ за Украина во однос на руската инвазија, додавајќи дека Русите остваруваат некои помали придобивки во последните недели. Говорејќи на настан за надворешна политика на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, Брнс исто така рече дека агенцијата верува дека кинескиот претседател […]
Окружниот суд на САД во Менхетен, државата Њујорк, денеска донесе одлука дека американското обвинителство е овластено да го конфискува имотот на рускиот олигарх Константин Малофеев вреден околу 5,4 милиони долари, што би можел да се искористи за обнова на Украина. Пресудата на американскиот окружен судија Пол Гардоф е прва судска одлука за конфискација на имотот […]