Руската морнарица „одбила“ напад со беспилотни летала врз пристаништето Севастопол на Крим

Руската морнарица утрово „одбила“ напад со беспилотни летала врз пристаништето Севастопол на Крим анектиран од Москва, објави гувернерот на градот кој е поддржан од Кремљ.

„Црноморската флота одби напад со беспилотни летала врз Севастопол“, напиша на Телеграм, Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол поддржан од Русија.

„Дроновите се обидоа да навлезат во нашиот залив, нашите морнари пукаа кон нив од малокалибарско оружје, во функција беше и ПВО“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *