Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Во својата изјава за РБЦ, тој исто така изјави дека руската страна продолжува да дејствува под претпоставка дека преговорите за решавање на конфликтот во Украина не треба да […]
Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни извори за Синхуа. Спасувачките служби соопштија дека најмалку 22 повредени се во сериозна состојба и се лекуваат во Специјалната болница на државата Борно […]
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, ја одржа својата прва полноќна божиќна миса во базиликата „Свети Петар“, велејќи им на христијаните дека приказната за Божиќ треба да ги потсетува на нивната должност да им помагаат на сиромашните и странците. Во проповедта, папата рече дека приказната за Исус, кој е роден во штала бидејќи немало […]
Американскиот претседател Доналд Трамп им посака на сите Среќен Божиќ на својот профил на социјалните мрежи, „вклучувајќи ги и радикалните левичарски ѓубриња“, осврнувајќи се на своите демократски противници, кои редовно ги обвинува дека се причина за сето зло. „Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи го и радикалнoто лево ѓубре кое прави сè што може за да […]
Остатоците од приватниот авион што леташе за Триполи, во кој се наоѓаше началникот на Генералштабот на либиската армија, кој го изгуби контактот кратко по полетувањето од Анкара, се пронајдени јужно од турската престолнина, изјави во вторник турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Остатоци од деловниот авион „Фалкон 50“, кој полета од аеродромот Есенбога во […]
Музејот Лувр во Париз постави метални решетки на прозорците на галеријата Аполо, каде што крадци провалија и украдоа накит од колекцијата на Наполеон во октомври. Службеникот на музејот, Франсис Штајнбок, рече дека тоа е една од итните мерки усвоени по грабежот, објави списанието „Баронс“. Тој додаде дека раководството на музејот се обврзало да ја спроведе […]
Најмалку две лица загинаа, а околу 20 се повредени во експлозија што се случи во дом за стари лица во Бристол, Пенсилванија. Полицијата подоцна го зголеми бројот на жртви на три, но еден од пациентите кои беа реанимирани преживеа во болницата, изјави началникот на полицијата Чарлс Виник, пренесува Си-Би-Ес. Повредените се префрлени во пет локални […]
Двајца полицајци и уште едно лице загинаа во експлозија на автомобил во Москва, соопшти рано утрово рускиот Истражен комитет, кој истражува сериозни кривични дела. Властите претходно соопштија дека експлозијата се случила во близина на местото каде што оваа недела беше убиен висок руски генерал, генерал-потполковник Фанил Сарваров , објави „Гардијан“ . Снимките емитувани на руската […]
Црната кутија и снимачот на гласови беа пронајдени во среда наутро од пилотската кабина на остатоците од приватниот авион што се урна во близина на турската престолнина Анкара еден ден претходно, при што загинаа началникот на либиската армија и другите патници, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Јерликаја им изјави на новинарите дека остатоците […]
„ТОКИО Електрик Пауер“ (ТЕПКО) планира да ја рестартира првата единица од својата нуклеарна централа Кашивазаки-Карива, најголемата во светот, на 20 јануари следната година, изјави претседателот на компанијата Томиаки Кобајакава. Оваа недела, префектурното собрание во Ниигата, регионот каде што се наоѓа централата, даде зелено светло за делумно рестартирање на централата Кашивазаки-Карива. Ова ќе биде прв таков […]