Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа е извршено успешно тестирање на пресретнување на ракета со среден дострел од копно. Во соопштението се наведува дека тестот бил „од одбранбен карактер и не бил насочен кон ниту една земја“, без информации дали ракетите погодиле некој објект, колку биле истрелани и каде паднале. Таквите системи составени од […]
Кинескиот прв дипломат Ванг Ји, на средбата со шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во Пекинг, изјави дека се надева оти Германија ќе го поддржи „мирното обединување“ на Кина и Тајван. Тој потсети дека Кина го поддржала обединувањето на Германија. – За да се одржи стабилноста во Тајванскиот Теснец, неопходно е цврсто да се спротивставиме […]
Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека на состаноците во Вашингтон договорени се уште пет милијарди долари помош за Украина. Шмихал минатата недела се сретна со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Европската инвестициска банка, како и со највисоките американски претставници, за време на пролетните состаноци на ММФ и Светската банка. Тој истакна […]
Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида продолжува со денешната предизборната кампања по инцидентот во Саиказаки, во префектурата Вакајама, објави на Твитер неговата .Либерално демократската партија. За време на говорот на Кишида момче фрли предмет сличен на димна бомба. Се слушна гласна експлозија, при што луѓето почнаа панично да бегаат, а премиерот беше засолнет и е неповреден. […]
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска го потпиша Законот за пензиската реформа откако вчера истиот беше одобрен од Уставниот совет. Францускиот министер за труд Оливие Дусопт изјави дека очекува реформите да стапат во сила на почетокот на септември. Реформата, што предизвика масовни протести, предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години […]
Осомничениот за протекување на доверливи документи од Пентагон, 21-годишниот припадникот на американската Национална гарда на воздушните сили, Џек Тешеира вчера беше изведен пред судот под обвинение дека незаконски копирал и задржал доверливи документи. Тешеира останува во притвор до судењето, а сослушувањето за притвор е закажано на 19 април. Тој е обвинет за незаконско копирање и […]
Со одлука на германската Влада денеска ќе бидат исклучени од мрежата за снабдување со електрична енергија последните три реактори на нуклеарните централи. Првично беше планирано последните три нуклеарни централи Емсланд, Исар 2 и Некарвестхајм 2 да бидат исклучени на крајот на минатата година, но нивната работа беше предложена поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија […]
Приведениот Џек Тешеира, осомничен за протекување на разузнавачки податоци од Пентагон, денеска ќе се појави пред суд во Масачусетс. Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, изјави дека протекувањето на доверливи информации е „намерен, криминален чин“. Но, Пентагон досега не одговори како лице со толку низок чин имал пристап до доверливи документи. Тешеира вчера беше приведен од […]
Францускиот суд го потврди контроверзното зголемување на возраста за пензионирање предложено од претседателот Емануел Макрон. Со него се предвидува поместување на старосната граница од 62 на 64 години, а овој предлог предизвика масовни протести низ Франција. Во исто време, највисокиот уставен орган на Франција ги отфрли повиците на политичките противници за референдум. Сепак, Уставниот совет […]
Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во море северно од индонезискиот остров Јава. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Земјотресот беше на длабочина од 594 километри со епицентар на 96 километри од Тубан и 157 километри од Сурабаja, втор индонезиски град по бројот на […]