Летот AF7562 на „Ер Франс“, кој сообраќаше на релацијата од аеродромот Орли во Париз до Ајачо, беше пренасочен кон Лион по нешто повеќе од 35 минути лет поради технички проблем. Авиокомпанијата објави дека проблемот е поврзан со авион Ербас А320 , без да даде детали, објави BFM TV. „Одлуката е донесена во согласност со процедурите на производителот, правилата […]
Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже како неочекуван благодет за кинеските конкуренти, давајќи им дополнително време да ја консолидираат својата предност на европските и глобалните пазари во развој, пишува Политико . […]
Најмалку 16 лица загинаа кога патнички автобус се преврте на индонезискиот остров Јава, соопштија официјалните лица. Возачот на автобусот во кој имало 34 патници, ја изгубил контролата на патот и удрил во бетонска ограда, пред да се преврти. Автобусот патувал од Џакарта кон древниот кралскио град Јогјакарта кога се превртел пред влегувањето на излезната рампа […]
Руски генерал загина во експлозија на автомобил во Москва, објави Ројтерс, повикувајќи се на рускиот Истражен комитет. Според извештаите, генералот бил одговорен за обука на руските вооружени сили. Службите во моментов ги истражуваат околностите на несреќата, а деталите за причината за експлозијата сè уште не се објавени. Смртта на високиот офицер предизвика загриженост за безбедноста […]
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го назначи гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, голема данска полуавтономна територија за која претходно рече дека САД треба да ја преземат. „Џеф разбира колку Гренланд е неопходен за нашата национална безбедност и силно ќе ги унапредува интересите на нашата земја во обезбедувањето […]
Унгарски премиер Виктор Орбан изјави дека колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија и дека мора да се стори сè за да се спречи тоа. Тој ја испрати пораката за време на говорот во Сегедин во неделата, како дел од неговата предизборна турнеја, каде што се соочува со силна опозиција пред претстојните избори за […]
Патниците во авион на „Ер Конго“ биле принудени да скокнат од висина од околу три метри за да го напуштат авионот на аеродромот Кинду во источен Конго, откако на пистата немало опрема за слетување. Инцидентот се случил на 19 декември, кога авионот „Боинг 737-800“ слетал без никакви проблеми, но патниците потоа биле заробени со часови […]
Патувањето по реката Нил се претвори во кошмар за италијанските туристи кога нивниот крузер се судри со друг крузер на популарната египетска туристичка дестинација Есна. Властите во Египет веднаш започнале истрага за причината на несреќата и можните виновници, а се сомнева дека имало навигациски грешки по минувањето низ пристаништето Есна. 47-годишната Италијанка Дениз Руџери патувала со својот сопруг и околу 70 […]
Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, денеска на отворањето на самитот на Меркосур изјави дека евентуална воена интервенција на Соединетите Американски Држави во Венецуела би претставувала „хуманитарна катастрофа“ и „опасен преседан за светот“. „Вистинските закани за нашиот суверенитет денес доаѓаат во форма на војна, антидемократски сили и организиран криминал. Повеќе од четири децении […]
Претседателот на Русија изјави дека украинските сили се повлекуваат на сите правци и дека иницијативата на фронтот сега ѝ припаѓа на руската армија. „Откако украинската војска беше протерана од територијата на Курската област, целата иницијатива на фронтот е во рацете на руската армија“, рече Путин на почетокот на годишната прес-конференција на која прашања му поставуваат […]