Патниците во авионот на авиокомпанијата ТАРОМ, меѓу кои и неколку членови на Европскиот парламент, мораа да останат во авионот околу 40 минути поради сомнителен куфер пронајден на аеродромот во Стразбур. Подоцна се покажа дека станува збор за заборавен багаж. Инцидентот се случил помеѓу 10 и 11 часот наутро по локално време кога авионот на ТАРОМ, […]
Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон употреба, објави „Укринформ“. „На подморницата имаше четири лансери на крстосувачки ракети „Калибар“, кои непријателот ги користи за напади врз територијата на Украина“, објави […]
Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори за безбедност на луѓето во возилото. Маск рече дека тестовите вклучувале автомобили што работат без патници, што е значаен чекор кон целосно автономно […]
Тинејџер нападнал чувар и ученик со нож во училиште во Московскиот регион, а детето им подлегнало на повредите, соопшти Рускиот истражен комитет. „Утрово, во образовна институција лоцирана во селото Горки-2 во градскиот округ Одинцово, малолетник со нож избодел чувар и ученик. Детето починало како последица на повредите“, соопшти Истражниот комитет, пренесува Интерфакс. Сите околности на […]
Европската политичка елита „дефинитивно нема интерес“ за мир во Украина, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека мора да се направи сè за да се спречи „поткопување“ на дипломатското решение. Зборувајќи во подкастот „Час на вистината“, Сијарто ги критикуваше либералните европски политичари за, како што рече, „воен фанатизам“ и подготовки за […]
Украина се откажува од својата амбиција да се приклучи на НАТО во замена за западни безбедносни гаранции како компромис за завршување на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со американските претставници во Берлин. Овој потег претставува голема промена за Украина, која се бореше за членство во НАТО како одбрана од руски напади. […]
Во пукање за време на прославата на Ханука, еврејскиот празник на светлата, на плажата Бонди во Сиднеј загинаа 12 лица, како и еден од двајцата напаѓачи, соопшти локалната полиција. Се верува дека нападот бил насочен кон прославата на Ханука , за која полициски извори веруваат дека била планирана со месеци, објави австралискиот портал „Њузвајр“. Едниот […]
Патнички авион на „Џетблу“ мораше да го прекине искачувањето за да избегне судир со танкер на американските воздухопловни сили над Карибите во петокот, а пилотот ја обвини опасната ситуација за воениот авион што му го пресекол патот. Инцидентот се случил на летот 1112 од карипскиот остров Курасао, кој се наоѓа недалеку од брегот на Венецуела, […]
Автобус што превезувал студенти на матурска екскурзија се урна во 80 метри длабока клисура во Колумбија. Најмалку дванаесет лица ги загубија животите, потврди гувернерот на регионот Антиокија на северозападот од јужноамериканската земја. Околу 20 лица се повредени. Без да наведуваат извори, медиумите објавија дека имало најмалку 16 мртви. Учениците од единаесетто и последно одделение се […]
Полицијата во Нов Јужен Велс потврди дека 16 лица, вклучувајќи го и еден вооружен човек, се убиени во пукотница на плажата Бонди во Сиднеј. Другиот напаѓач е во критична состојба. Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс изјави дека властите не бараат други сторители. Тој рече дека двајцата напаѓачи биле татко и син, на возраст од […]