Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наредува „целосна и сеопфатна“ блокада на сите санкционирани танкери за нафта што пловат кон или од Венецуела. Тој ја донесе оваа одлука откако ја прогласи владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро за странска терористичка организација, обвинувајќи ја за кражба на американски имот, тероризам, шверц со дрога и трговија со […]
Нуно Ф. Гомес Луреиро, 47-годишен професор по нуклеарни науки и инженерство од Португалија, беше застрелан неколку пати во понеделник вечерта и почина во болница во вторник наутро, соопштија полицијата во Бруклин и претставници на Технолошкиот институт во Масачусетс. Полицијата соопшти дека полицајците добиле пријава за истрели во станот околу 20:30 часот по локално време. Луреиро […]
Патнички автобус се преврте во централен Иран, при што загинаа 13 лица, јавува агенцијата Ирна. Автобусот се движел од градот Исфахан кон градот Машхад, а несреќата се случила кога удрил во тротоар и тргнал во спротивна насока, удирајќи во такси, а потоа се превртел, соопшти полицијата. 11 патници кои биле во автобусот и две лица […]
Руското Министерство за одбрана објави дека неговите сили за воздушна одбрана собориле дури 94 украински беспилотни летала во текот на ноќта меѓу 16 и 17 декември. Според руските тврдења, беспилотните летала биле соборени над неколку руски региони и над Црното и Азовското Море, пишува „Украинска правда“ . Во официјалното соопштение се вели: „Руските сили за воздушна одбрана […]
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник ја прошири забраната за влез во земјата на граѓани на неколку други земји, а ова важи и за Сиријците и Палестинците со патни документи издадени од Палестинската самоуправа. Во согласност со наредбата објавена од Белата куќа, општата забрана сега ги опфаќа граѓаните на Буркина Фасо, Лаос, Мали, Нигер, Сиера […]
Ден Елкајам од Франција, 27-годишен фудбалер кој играше за македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден во Австралија, е меѓу жрвтите на вчерашниот напад на популарната плажа Бонди во Сиднеј. Елкајам е меѓу 15-те загинати во нападот, во кој беа убиени лица на возраст од 10 до 87 години, а исто така убиен беше и еден од […]
Патниците во авионот на авиокомпанијата ТАРОМ, меѓу кои и неколку членови на Европскиот парламент, мораа да останат во авионот околу 40 минути поради сомнителен куфер пронајден на аеродромот во Стразбур. Подоцна се покажа дека станува збор за заборавен багаж. Инцидентот се случил помеѓу 10 и 11 часот наутро по локално време кога авионот на ТАРОМ, […]
Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон употреба, објави „Укринформ“. „На подморницата имаше четири лансери на крстосувачки ракети „Калибар“, кои непријателот ги користи за напади врз територијата на Украина“, објави […]
Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори за безбедност на луѓето во возилото. Маск рече дека тестовите вклучувале автомобили што работат без патници, што е значаен чекор кон целосно автономно […]
Тинејџер нападнал чувар и ученик со нож во училиште во Московскиот регион, а детето им подлегнало на повредите, соопшти Рускиот истражен комитет. „Утрово, во образовна институција лоцирана во селото Горки-2 во градскиот округ Одинцово, малолетник со нож избодел чувар и ученик. Детето починало како последица на повредите“, соопшти Истражниот комитет, пренесува Интерфакс. Сите околности на […]