Пет лица загинаа во пожар во зграда во која се сместени градежни работници во пристанишниот град Севастопол, на црноморскиот полуостров Крим, пренесе ДПА. Телата на загинатите мажи биле откриени откако пожарот бил изгаснат. Причината за пожарот сè уште не е позната. Русија во 2014 година незаконски го анектираше Крим, кој повеќето земји го признаваат како […]
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников најавува дека Русија подготвува нова голема офанзива во неговата земја и предупреди дека таа може да почне на 24 февруари. Резников изјави дека Москва мобилизирала илјадници војници за да може „нешто да се обиде“ на одбележувањето на годишнината од почетокот на инвазијата во 2022 година. Со таков напад би […]
Постојаната претставничка на Малта во Советот за безбедност на Обединетите нации, Ванеса Фрејзер, земјата која во моментов претседава со ова тело на ОН, денеака изјави дека Русија побарала седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина да се одржи на 8 февруари. Првиот заменик претставник на Руската Федерација во ОН, Дмитриј Полјански, појасни […]
Белата куќа ги отфрли обвинувањата на Северна Кореја дека заедничките воени вежби во регионот се провокација и рече дека САД немаат непријателски намери кон Пјонгјанг. Јасно ставивме до знаење дека немаме непријателски намери кон КНДР (Северна Кореја) и дека бараме сериозна и одржлива дипломатија за да се справиме со целиот спектар на прашања од интерес […]
Австралија ќе ја замени својата банкнота од пет австралиски долари на која е портрет на кралицата Елизабета Втора со нов дизајн што ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на континентот, соопшти денеска Националната банка на земјата. Одлуката уследи по консултациите со федералната влада, која ја поддржува промената, се вели во соопштението. Додаваат […]
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека испораката на тенкови во Украина нема да донесе решение за конфликтот. „Не можам да кажам дека верувам дека испраќањето тенкови е чекор кон решавање на украинската криза“, изјави Ердоган за турската телевизија ТРТ. Тој посочи дека очекува западните земји да ги поддржат повиците на Анкара за преговори меѓу […]
Премиерите на земјите кандидати за НАТО Шведска и Финска денеска треба да се сретнат Стокхолм, еден ден откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Хелсинки може да добие зелено светло од Анкара, но не и Стокхолм за влез во Алијансата. Финската премиерка Сана Марин е првата шефица на влада што ќе биде примена од […]
Ситуацијата на фронтот во источна Украина стана потешка откако руските сили ја засилија офанзивата, истакна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Русија доби замав на бојното поле, најавувајќи напредување северно и јужно од градот Бахмут, нејзината главна цел со месеци. Локациите на пријавените борби јасно укажуваат на постепено руско напредување. „Има зголемување на офанзивните операции на […]
Руска ракета доцна синоќа уништи станбена зграда во источниот украински град Краматорск, а во нападот загинаа најмалку две лица, додека седум се повредени, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко. „Спасувачите, полицијата и комуналните служби работат на местото на нападот за да ги проверат урнатините на уништената зграда. Веројатно се уште има луѓе под неа“, напиша Кириленко […]
Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, денеска имаше средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, јавуваат австриските медиуми. Украинскиот претседател му се заблагодари на својот колега за хуманитарната помош, но во исто време укажа дека австриската банка Рајфајзен интернешнал дозволила репрограмирање на кредитите на руските војници. Тој побара построги мерки против Русија. „Покрај хуманитарна […]