Во САД викендов се одржуваат бројни, но претежни мирни протести по објавените видео снимки синоќа од страна на полицијата во Мемфис од задржувањето на Тајeр Николс, афроамериканец. Неколку денови по задржувањето, Николс почина во болница. Сите петмина полицајци вклучени во апсењето се афроамериканци, неделава беа отпушетни и обвинети за убиство од втор степен, напад и […]
Чешкиот премиер Петр Фијала денеска им честиташе на Чесите што го избраа пензионираниот генерал, поранешен началник на Генералштабот, а подоцна и втор човек на НАТО, Петр Павел (61), за нов претседател на земјата. „Победи граѓанскиот кандидат и вредностите што тој ги застапува, а тоа е многу важна вест во овие меѓународно и економски тешки времиња. […]
Во вториот круг директни избори за нов претседател на Чешка води пензионираниот генерал, поранешен шеф на Воениот комитет на НАТО, Петр Павел. По пребројувањето на гласовите од 50 отсто од избирачките места, Павел води со 55,25 отсто освоени гласови, додека поранешниот популистички премиер, лидер на опозицијата, петтиот најбогат милијардер во Чешка, Андреј Бабиш (68) има […]
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска, пред самитот ЕУ-Украина следната недела, изјави дека Украина ја има безусловната поддршка од Унијата и дека земјата мора да ги надмине руските напади за да ги одбрани европските вредности. „Ние стоиме покрај Украина без какви било ако и но“, рече Фон дер Лајен обраќајќи се на […]
Вооружен маж денеска отвори оган во источен Ерусалим при што рани најмалку две лица, соопшти полицијата. Нападот се случи помалку од еден ден по најсмртоносниот напад во градот од 2008 година. Вчера Палестинец уби седум лица пред синагога. Инцидентот се случил во Давидовит град, популарен археолошки локалитет во близина на Стариот град, се наведува во […]
Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека три лица загинале, а најмалку едно се води како исчезнато во поплавите предизвикани од рекордните количини врнежи во Окленд, најголемиот град во земјата. Премиерот Крис Хипкинс полета во Окленд со воен авион откако беше прогласена вонредна состојба во регионот. „Наш приоритет е да се погрижиме жителите на Окланд […]
Три лица загинаа, а уште најмалку две се повредени откако руските сили нападнаа станбена област во градот Константиновка во источна Украина, објави на Телеграм гувернерот на регионот Доњецк, Павло Кириленко. Кириленко наведе дека се оштетени четири станбени згради и еден хотел. „Спасувачките екипи и полициските службеници се на местото на настанот за внимателно документирање на […]
Граѓаните на Чешка утрово, на вториот ден од вториот круг на претседателските избори, масовно излегуваат на гласање за да одлучат кој ќе биде новиот лидер на државата. Се предвидува историски рекорден одѕив бидејќи половина од регистрираните 8,25 милиони гласачи веќе излегоа вчера, на првиот ден од гласањето. Тие избираат меѓу поранешниот началник на Генералштабот, а […]
Иран го осуди оружениот напад врз Амбасадата на Азербејџан во Техеран и соопшти дека го истражува нападот со „висок приоритет и чувствителност, со посебни инструкции од политичките и безбедносните власти“. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Насер Канани, изјави дека најостро го осудуваат нападот врз Амбасадата на Азербејџан во Техеран, во кој едно […]
Министерството за надворешни работи на Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти територијата на Руската Федерација во рок од две недели, јавува Анадолија. Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Летонија претходно одлучила да го намали нивото на дипломатските односи со Русија. Потенцирајќи дека Летонија оваа одлука ја […]