Американскиот претседател Џозеф Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска во Белата куќа разговараат, меѓу другото и за американско-јапонскиот сојуз и „воспоставувањето слободен и отворен Индо-пацифик“, што е синтагма што ја користат двете страни за да ги опишат напорите за да се спротивстават на Кина. Бајден на пречекот му рекол на Кишида дека САД силно […]
Десетина земји-членки на Советот за безбедност на ОН денеска ги повикаа талибанците да ги прекинат сите угнетувачки мерки против жените во Авганистан, на маргините на состанокот зад затворени врати за ситуацијата во таа земја. – Ги повикуваме талибанците да ги прекинат сите угнетувачки мерки врз жените и девојчињата, им рече на новинарите јапонскиот амбасадор Кимихиро […]
Гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија експлодирал во областа Пасвалски во Литванија, а според првичните информации нема повредени, јави порталот ЛРТ, повикувајќи се на полицијата. Во 16 часот и 57 минути, окружната полиција на Паневезис пријавила експлозија на гасовод во улицата Јонишкеле во селото Виенкиемиу. Според прелиминарните податоци, нема жртви, се наведува во соопштението, […]
Германија ќе продолжи „многу внимателно да го мери секој чекор“ и да се консултира со своите сојузници за понатамошна испорака на оружје за Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, под зголемен притисок да одобри испорака на тенковите од германско производство до Киев. Германија ѝ даде на Украина значителна воена помош за време на руската […]
Најмалку седум лица загинаа во торнада во југоисточните американски држави Алабама и Џорџија, соопштија локалните власти. Во државата Џорџија и во некои окрузи во Алабама е прогласена вонредна состојба. Вкупно 45 торнада беа регистрирани вчера, се вели во прелиминарниот извештај на американскиот Центар за предвидување бури (SPC). Градот Селма во округот Далас претрпе значителна штета […]
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан изјави денеска во Бејрут дека се надева на нормализирање на односите со Саудиска Арабија, што ќе овозможи повторно отворање на амбасадите на двете регионални сили кои се затворени веќе седум години. Дијалогот меѓу шиитскиот Иран и сунитската Саудиска Арабија започна во Багдад, а последната средба се одржа во […]
Шведскиот премиер Улф Кристерсон го осуди денеска протестот на Курдите што се одржа вчера во центарот на Стокхолм, каде демонстрантите на бандера обесија кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и оцени дека тоа го саботира настојувањето на Шведска да се приклучи во НАТО. Министерството за надворешни работи на Турција вчера изрази протест […]
Заменик-министерката за надворешни работи на Украина, Емине Џапарова изјави дека Киев ќе продолжи да работи на усвојување на резолуција во Генералното собрание на Обединетите нации во која би била содржана мировната формула од 10 точки на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. – Украинското раководство одлучи дека приоритет за кој ќе се разговара во февруари е […]
Гринпис повика на забрана за летови со приватни авиони кои емитуваат јаглерод непосредно пред годишниот Светски економски форум во Давос, на кој се собира светската деловна и политичка елита. Комисијата на ЕУ треба да го отвори патот за таква регулатива во сегашната ревизија на Регулативата за воздушниот сообраќај, соопшти денеска еколошката организација. Бројот на летови […]
Носењето маска од 2 февруари повеќе нема да биде задолжително во Германија во меѓуградскиот превоз – возови и автобуси, бидејќи ширењето на коронавирусот забавува, соопшти денеска Министерството за здравство. Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах ги повика луѓето со чувствително здравје да продолжат да користат маска врз основа на лична одлука. Според сегашниот закон за […]