Најмалку седум лица загинаа, а 12 се повредени во САД како последица на торнадо. Шест жртви има во округот Отога во централниот дел на американската сојузна држава Алабама, а еден загинал во државата Џорџија. Невремето оштети домови и остави десетици илјади клиенти без струја во делови од Џорџија, Мисисипи и Алабама. Моќното торнадо оштети […]
Минатата година Украина запленила имот на Русија и Белорусија во вредност од 1,12 милијарди долари, соопшти Бирото за економска безбедност на Украина. „Во сите кривични постапки, запленети се имоти проценети на 46,7 милијарди гривни (речиси 1,28 милијарди долари). Огромен дел – 41 милијарда (1,12 милијарди долари) се состојат од имот и предмети на имотни […]
Американската компанија „Си-Ен-Ен“ до крајот на годината ќе се исели од „Центарот Си-Ен-Ен“, нејзиното долгогодишно седиште во центарот на Атланта. Водителките на таа кабелска телевизија кои работат во работните денови, веќе се преселиле во Њујорк или Вашингтон, но дигиталните и меѓународните сервиси на „Си-Ен-Ен“ се уште се во Атланта. Портпаролката Бриџит Ланингер потврди дека […]
Американското разузнавање истражува повеќе од 500 извештаи за неидентификувани летечки објекти (НЛО), се вели во извештајот објавен синоќа. Во него се наведува дека иако многу од НЛО се покажало дека се беспилотни летала или балони, природата на стотиците останува непозната. Од последниот извештај на Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ДНИ) во јуни 2021 […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека воената помош во тенкови што ја најавија Полска и Литванија може да значи дека и другите земји ќе го следат нивниот пример. „Полска и Литванија можат стратешки да започнат чекори за набавка на тенкови за Украина“, изјави Зеленски за полската државна телевизија ТВП Инфо, откако полскиот претседател Анджеј […]
Повеќе од 70.000 вработени во 150 универзитети ширум Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена меѓу февруари и март доколку во меѓувреме не се постигне договор за зголемување на платите и подобрување на условите за работа, соопшти денеска Синдикатот на универзитетите и колеџите. Од синдикатот изјавија дека се ближи рокот во кој универзитетскиот сектор треба да […]
Холандскиот премиер Марк Руте и министерот за надворешни работи Вопке Хоекстра следната недела ќе отпатуваат за Вашингтон, каде ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави денеска холандската национална телевизија НОС. Лидерите во вторник ќе разговараат за војната во Украина и за економските врски, јавија светските агенции. Тоа, како што се наведува, ќе биде […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети денеска дека ќе обезбеди „сè што е потребно“ на украинските војници, кои ги одбиваат руските напади врз Бахмут и Соледар – два града во источниот регион Доњецк што Русија се обидува да ги заземе, пренесе БТА. – Нагласувам дека единиците кои ги бранат овие градови ќе бидат снабдени со муниција […]
Бразилскиот левичарски претседател Луис Игнасио Лула да Силва изјави денеска дека има подготвена политика која во рок од сто дена би довела до тоа земјата повторно да „функционира со нормална брзина“ и им порача на финансиските пазари да не се грижат за Владата на неговата Работничка партија. Зборувајќи за неодамнешниот напад на приврзаниците на поранешниот […]
Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза. Судијата на Врховниот суд Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во […]